Зелен ролат

9 ноември, 20100
spanakr

Спанаќот се вари во солена вода, пота се цеди и ситно се сецка. Жолчките се матат со маслото за јадење, и се додава исецканиот спанаќ. Се посолува по желба, се додава брашното и се промешува. На страна пенесто се матат белките. Во нив се додава смесата со спанаќот. Убаво промешано се сипува во намачкана тава и се пече во загреана рерна 15 мин на температура од 200 ̊C. Испеченото тесто се става на влажна крпа за да омекне и се витка во ролат. Филот го подготвувате така што павлаката ја мешате со исецканата шунка. Внимателно го одвиткувате ролатот и го премачкувате со филот, и потоа повторно го виткате. Ролатот се премачкува со павлака и се посолува со рендан кашкавал.
Потребни состојки:
1 кг спанаќ
300 гр шунка
6 јајца
6 лажици брашно
кашкавал
2 чаши павлака
бибер, сол
масло за јадење

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi