Жената на кинескиот нобеловец во куќен притвор

slobodan11 октомври, 20101min00

Кинеските власти ја ставија Liu Xia, сопругата на кинескиот дисидент, добитникот на нобеловата награда за мир, во куќен притовр, а покрај тоа таа има и забрана за телефонирање и ограничување во движењето. Во близина на нивниот стан во Пекинг од неделата се разместени голем број на безбедносни сили, кои на никого не му дозволуваат да се приближува до домот на Liu. Према наводите од странските агенции, на новинарите им е забранет пристап, а таа неможе да одоговори на телефонските повици, бидејќи неможе да се воспостави врска. Сепак полицијата и дозволила да го посети сопругот кој е во затвор во североисточната провинција Lijaoning, кој треба да ја издржи 11 годишната казна поради антидржавни активности. Таа му соопштила на својот сопруг за наградата, а тој ја посветил на загинатите во Tjenanmen, во 1989 година, за кои вели дека животот го дале во името на мирот, слободата и демократијата. Во изминатите неколку дена, беа исклучувани сите странски Тв канали, новински агенции, радио станици во моменти кога се пренесувала веста за наградата и се спомнувало името на Liu Xiaobo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma