„Лајкот“ сакаат да ни го укинат!! Противзаконски било!! „Свашта“!!! :)

28 август, 20110
lajkot

Иако фејсбук е повеќе пати обвинуван за кршење на приватноста и мешање во правата на корисниците, по се изгледа дека Заводот за заштита на податоци во Германија започна вистинска битка против оваа социјална мрежа.

Тило Вајхарт, комесарот за сигурност на податоци во германската покраина Шелсвиг-Холштајн, им наредил на државните институции да ги затворат службените профили на таа социјална мрежа и од службените страници да ја тргнат опцијата „Лајк”, заради тоа што таа, наводно, ги крши германските и европски закони за заштита на податоците.

Фејсбук, секако, тврди дека се е во согласност со законот, но Вајхарт како противаргумент понудил анализа која ја спровеле германските правници, а целта е заклучокот дека извозот на податоците од американските сервери не е лесен.

„Кој и да ја посети facebook.com или ја користи нивната апликација на другите страници, мора да биде свесен дека ќе биде следен наредните 2 години”, објаснува Вајхарт.

„Фејсбук гради комплексни индивидуални, а за регистрираните корисници и персонализирани профили.” Познавањето на навиките на корисниците отвара бројни можности кои можат да се искористат.

Уште не е познато дали „Лајк” ќе постане противзаконски во цела Германија, но ова не би била прва таква постапка на властите во однос на германските корисници. Поради обвинување за кршење на приватноста германските корисници сега можат да ги замаглат своите домови на Google Street View, а на Фејсбук имаат зголемена контрола, и над своите е-меил адреси, исто така како и на тоа кој може да ги додаде за пријател.

Можеби интересен детал е дека се ова се случува недела дена откако Кристијан Вон Бојтихер, еден од водечките членови на Конзервативната партија на Ангела Меркел, отстапил од местото во Шелсвиг-Холштајн бидејќи е фатен во врска со 16-годишна девјока која ја запознал преку социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma