Најголемата Арапски телевизија “Ал Џезира” за Балканот, започнува со пробно емитување на програма, која ќе биде достапна преку земни мрежи и кабелски оператори во Босна и Херцеговина.
Во пилот фазата, гледачите ќе имаат можност да следат промотивни прилози, но ќе има и повремено вклучување на “Ал Џезира” програма на англиски јазик.
Од седиштето на медиумската куќа во Сараево објавија дека продолжуваат со техничките и други подготовки за реализација на целосна програмска шема, “Ал Џезира” за Балканот, како дел од глобалните медиумски мрежи.
“Ал Џезира” како што е наведено, ќе емитува целодневна информативна програма вклучувајќи вести од регионот и светот.
Извор: Нетпресс