“Ќе се вратам“ – Арнолд Шварценегер и навистина пак се врати на филмското платно :)

popara20 октомври, 20111min00
Arnold-Schwarzenegger-in--001


Арнолд Шварценегер оваа недела ќе започне со снимање на својот нов филм “The Last Stand“, во режија на Ким Џи-Вун, во продукција на Lionsgate.

Снимањето се одвива на локации во Ново Мексико и Невада. Станува збор за акционен трилер, а покрај Арнолд, актери кои се појавуваат во филмот се: Зек Глифорд, Форест Витакер, Луис Гузман, Родриго Санторо, Џони Ноксвил, Џејми Александер, Едуардо Нориега, Питер Стромар и Хари Дин Стентон.

Шварценегер го глуми ликот на Шерифот Овенс, човекот кој се откажал од “борбата со животот“  откако ја напуштил полицијата во Лос Анџелес и сега работи како чувар во мирниот пограничен град Сомертон.

По спектакуларното бегство од затвор, најбараниот крал на наркотични средства, вози со огромна брзина од 200 милји на час кон граничниот премин со специјално опремен автомобил во кој се наоѓаат заложници и застрашувачките членови на неговата банда. Тој се движи директно кон Сомертон, а таму американските полицајци ја имаат последната шанса да го фати пред да успее да ја преминат границата и да избега засекогаш.

Овенс првично не сака да се вклучи во акцијата, но во клучните моменти ја презема одговорноста и се обидува да го разреши целиот случај.

Филмот во кината ширум светот доаѓа во јануари 2013 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag