Една 71 годишна баба од селото Лавце, Битолско, била тешко поврдена, откако ја нападнале нејзините свињи, кои старицата одамна ги немала нахрането.
Старицата била примена во битолскиот клинички центар со скршена вилица, лева рака и повреда на потколеницата. Како што јавија медиумите старицата ја нападнале 50 свињи, кога влегла во шталата да извади едно од нив со цел да го заколе. Наводно старицата долго време не ги хранела животните, па веројатно тие се разлутиле и ја нападнале.