“Магионичарот”, Џони Деп

popara1 јули, 20111min00
v210560p0

Холивудскиот актер Џони Деп е во преговори за улога за филмската адаптација на романот “Carter Beats the Devil”.

Џони Деп ќе го глуми магионичарот Картер од дваесеттите години од минатиот век, кој на врвот на својата слава го повикува американскиот претседател да му се придружи на сцената. Во трикот од кој застанува здивот, тој му ја отсекува главата на претседателот, го сече на прачиња и со нив го храни лавот, а потоа го оживува. Публиката е воодушевена, но неколку часа покасно, претседателот навистина умира, а Картер е главниот осомничен.

Јунакот од серијата “Пиратите од Карибите” во моментов ја снима филмската серија за вампирите од “Темни сенки”, а го очекуваат и снимања и за други проекти.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag