“Време е” да научите да бидете секси : ))

23 август, 20110
sexy-girl

Сигурно сте приметиле дека привлечните луѓе поседуваат не само  убавина, туку и многу други квалитети како интелегенција и шарм. Можеби не изгледа фер, но дефинитивно е предност да се родите со добар изглед. Како што покажа една студија, убавите деца во текот на развој брзо развиваат харизма, самодоверба и сексапил. Покрај тоа возрасните и атрактивни луѓе заработуваат 20 % повеќе од останатите, пишува британскиот Дејли Мејл.

Убавината како предуслов за успех

Неколку истражувања покажаа дека убавите и привлечните луѓе се успешни, имаат подобар сексуален живот, убедливи се и помалце се склони на депресија. Неправда? Можеби, но добрата вест е дека привлечноста може да се научи. Секако, учењето е процес, кој бара внимание и посветеност, пред да го сторите тоа, размислете дали сте спремни на сето тоа.

Можеби никогаш нема да имате симетрични црти на лицето и совршен тен, но сите други останати компоненти кои ја прават привлечноста, можете да ги научите. Во срцето на вистинската привлечност се наоѓа “еротски капитал”, како што кажуваат некои стручњаци.

Важноста на еротскиот капитал

Еротскиот капитал е спој на убавина, сексапил, енергија, шарм, социјални вештини, сексуални способности, како и талент за убава облека. Со други зборови тоа е клучна мешавина на физичка и психичка привлечност.

Извлечете го најдоброто од себе. Со други зборови, негувајте го вашиот изглед, посветете внимание на вашата коса, нокти и кожа. Можеби уште поважен е и вашиот став- самодовербата е предуслов за се.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi