„Ангел ми го спаси детето при породувањето”

popara21 декември, 20111min00
0115007.48

Сосема непланирано, 31 – годишната Ди Лазароу морала своето бебе да го роди на подот на купатилото со помош на сопругот и телефонската помош од страна на докторот.

Иако била подготвена за болничко породување, и нејзина најголема ноќна мора била да роди во куќа, без помош на доктор, признава дека не и било толку страв колку што очекувала бидејќи знаела дека детето има свој анѓел чувар.

Имано, кога била 12 недели трудна, таа направила ултразвук, а на сликата која ја добила приметила анѓелско лице кое го гледа нејзиниот син Лео. Тоа го сфатила како порака одозгора и тврди дека многу и помогнал во издржувањето на таа стресна ситуација.

За време на породувањето, таткото приметил дека папочната врска му замотана околу вратот, но и со таа ситуација се справиле и успешно го породиле малецкото бебе.

Набрзо по породувањето стигнала и брза помош па мајката и бебето ја добиле потребната лекарска помош и немаат никакви последици од пораѓањето.

Госпоѓата Лазароу вели: „Кога го видовме лицето на сликата од ултразвукот, останавме запрепастени, но сега знаеме дека се си имало своја причина. Анѓелот го пазел Лео и се погрижи пораѓањето да пројде безбедно. Лицето на сите ни беше како една утеха. Сликата ја сочував и едвај чекам Лео да биде малку постар за да можам да му ја раскажам оваа приказна за неговото неверојатно пораѓање”, пренесува Daily Mail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag