После напорниот ден на чување на куќата, и шетање под каиш вашето куче заслужува и малку релаксација. А како? Не, не е „грицкање“ на омилената папуча, ниту валкање во песокот, туку…јога.
Да, станува збор за најновиот тренд во САД, превземен од далечниот исток, јога за кучиња или веќе популарно наречен „DOGA“.
Часовите предводени од познатата јога инструкторка и љубител на кучињата, Сузет Акерман, во Хонг Конг имаат за цел да им помогнат на кучињата го најдат својот „внатрешен“ мир.
Doga сесиите овозможуваат кучињата да пробаат различни пози, протегања и масажи кои се верува дека ќе им помогнат во подобрувањето на работата на срцето и варењето. Исто така ќе им помогнат во подобрувањето на односот помеѓу кучето и сопственикот.
Иако се знае дека кучињата многу често личат на своите сопственици, ова е можност да се продлабочи таа сличност преку имитирање и на расположението.
Се верува дека оваа идеја потекнува од древната Хинду пракса која датира од 2500 година пред новата ера. Тоа е комбинација на релаксација, техники на дишење и вежби кои помагаат во борбата против стресот, ја поттикнуваат циркулацијата и движењето на зглобовите.