Ова е една од најголемите и најубави пештери во светот, која се наоѓа во туристичкиот град Гуилин, Кина. Гуилин е древен, живописен град, што се наоѓа во јужна Кина. Го нарекуваат најубавиот град во „Небесното кралство“ и денес е една од најпосакуваните туристички дестинации благодарение на прекрасната природа. Некогаш тука се наоѓал океан, но природните катаклизми придонеле водата да исчезне и за сметка на тоа денес на површината има фантастични планини со уникатни клисури, пештери и каверни.
„Пештерата на флејтата“ како што уште ја нарекуваат претставува систем или збир од пештери и тунели со многу сталактити и сталагмити и е една од најпознатите пештери во светот.