„Палео“ – диетата на Меган Фокс

6 ноември, 20110
sample-3

Убавата актерка е една од многуте прврзаници на на „палео“ диетата која се базира на храна што ја консумирале нашите предци од палеолитот. Тоа подразбира сурова храна, необработена и пред се овошје, зеленчук, јатки и малку термички обработено месо.  Оваа диета е богата со минерали и витамини па затоа и многу здрава, а освен тоа ги исклучува нездравата брза храна, чоколадите и тортите кои се основни виновници за зголемувањето на телесната тежина, кои во минатото и не постоеле.

Како основни извори на протеини во оваа диета се јатките, месото, и јајцата. Оваа диета ги исклучува млечните производи и зрнестата храна, преработената храна, благото и брзата храна.

Има за цел да ги врати луѓето на режимот на исхрана во времето на пештерскиот човек. Имено поради ова храната се консумира помеѓу 12 – 19 часот, бидејќи пред 12 часот луѓето во минатото немале со што да се хранат, додека не уловат нешто, а после 19 часот се стемнувало и било потешко да се дојде до храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *