10 Фасцинантни предвидувања на Нострадамус I дел

21 јули, 20110
nostradamus

Ова е листа на најпознатите предвидувања на Нострадамус. Michel de Nostradamus (1503-1566) бил доктор, како и фармацевт и јасновидец. Тој е познат по своите пророштва кои покриваат голем период на време и се верува дека се неверојатно точни. 10-те предвидувања во листата подолу се земени од неговата книга „Les Propheties“, првата едиција која се појавува во 1555.

1. Смртта на Кралот на Франција Henry II

„Младиот лав ќе го надмине стариот / на полето на борбата во една битка; / Тој ќе пробие со очите низ златен кафез, / две рани прават една, потоа умира со сурова смрт.“ (Век 1, Квадран 35)

Кажано е дека Нострадамус го предупредил Кралот Хенри дека наскоро ќе погине. Како што предвидел, тој бил убиен од Comte de Montgomery во Jousting (натпревар во кој двајца противници на коњи се конфронтираат со употреба на копја). Montgomery бил 6 години помлад од кралот и двајцата имале штитови со врежани лавови. Кралот бил ранет несреќно од страна на Montgomery (кој не го спуштил копјето на време) на две места: убодот од копјето влегол низ неговото око и дел влегол низ слепоочницата.

 

2. Големиот пожар во Лондон

„Крвта на праведните ќе биде побарана од Лондон / изгорена во оган во годината 66“ (Век 1, Квадран 51)

Ова е неверојатно предвидување на Нострадамус и ова е затоа што тој успеал не само да го лоцира збиднувањето, туку и годината. Како што претскажал, големиот пожар во Лондон започнал на 2-ри Септември и траел 5 дена. Во тоа време уништил домови на 70.000 луѓе, вкупно 80.000 жители на градот како и 87 цркви. Сепак, умреле само 6 луѓе, дел од предвидувањето кое не е точно.

 

3. Француската револуција

„Пред да дојде војната, / големиот ѕид ќе падне, Кралот ќе биде егзекутиран, / неговата смрт наскоро ќе биде жалена. / (Стражарите) ќе пливаат во крв, / Во близина на рекатта Сена земјата ќе биде крвава.“ (Век 2, Квадран 57)

Во 1789 год. Француската револуција одбележи еден од најголемите социјални и политички промени во историјата на Франција. Како што е предвидувањето, големиот ѕид (оној на Бастиља, познат затвор за политички осуденици воглавно) беше уништен од страна на Парижаните и неговото уништување го одбележи почетокот на револуцијата. Апсолутната монархија која ја водеше Франција се урна и нов поредок беше роден со жртва на сиромашните. Ова пророштво на Нострадамус кое се исполни двеста години по неговата смрт е она што го направи еден од најпознатите фигури во историјата.

 

4. Издигнувањето на Наполеон

PAU, NAY, LORON ќе биде повеќе оган одошто крв, / да се плива во величење, / големиот да лета во слава. / Ќе одбие влез на Пиусите, / грешните и Дурансите ќе ги стави во затвор“ (Век 8, Квадран 1)

Познатиот император на Франција беше исто така прифатен од предвидувањата на Нострадамус. Зборовите „Pau, Nay, Loron“ изгледа шифрирани но сепак се анаграм кој ги формира зборовите „Napaulon Roy“. Папите Pius VI и Pius VII се „Пиусите“ споменати во третата линија. Тие и двајцата беа во конфликт со Наполеон, кој ги освоил Папските земји. Квадранот исто така го опишува Наполеон како човек на огнот (на војната) многу повеќе отколку на крвта (од кралско потекло). Ова исто така е неверојатно точно.

 

5. Втората Светска војна

„Гладни бесни ѕверови ќе ги поминуваат реките, / голем дел од бојното поле ќр биде против Хистер. / Во качез од железо големиот  ќе биде одвлечкан, / кога детето на Германија ќе гледа во ништо.“ (Век 2, Квадран 24)

Ова е само еден од неколкуте квадрани кој ја опишува Втората светска војна. Првата линија генерално се интерпретира како инвазијата на Хитлер врз Франција. Втората линија се однесува на Алијансата која ќе стави крај на Хитлеровото владеење на терор, додека третата линија може да претставува опис на Германските тенкови, за кои во 16-тиот век немал никакво познавање. Детето на Германија е, како што претпоставувате, самиот Хитлер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi