10 Фасцинантни предвидувања на Нострадамус II дел

22 јули, 20110
nostradamus_18thcentury

6. Louis Pasteur

„Изгубеното е пронајдено, скриено толку многу векови, / Pasteur ќе биде почитуван како полубог / ова ќе се случи кога месечината ќе го заврчи својот голем циклус, / почитта ќе му биде одземена од други ветришта.“ (Век 1, Квадран 25)

Ова се смета за една од најточните предвидувања на Нострадамус. Во основа поради тоа што Нострадамус го дава точното име на познатиот научник. Louis Pasteur (1822-1895) го открива постоењето на микроскопските бактерии. Тој исто така е познат по неговата голема работа која се врзува со причинители и превенција од болести. Со тоа што самиот тој е доктор, Нострадамус многу бил засегнат со чумата и се обидувал да ги најде причинителите и третманот на оваа болест. Од овде тој имал силна конекција со Pasteur што најверојатно била причината што го предвидел животот на овој конкретен научник. Последната линија најверојатно се однесува на противникот кој го обвинил Pasteur дека ги лажирал резултатите.

7. Charles de Gaulle

„Херкулес Крал на Рим и на Анемарк, / три пати едно презиме de Gaulle ќе води, / Италија и оној од St Mark да се тресат, / Прв монарх, признаен над сите.“(Век 9, Квадран 33)

Ова е еден од оние неверојатни квадрани кои ги вклучуваат претскажувањата на Нострадамус кои се однесуваат на владетелите на Франција. Charles de Gaulle (1890-1970) беше водач на Франција три пати (три пати едно презиме de Gaulle ќе води). Прво, беше водач на Слободните Француски Сили, во текот на Втората Светска војна; потоа, стана премиер на времената пост воена влада; трет пат, ја водеше земјата како прв претседател на Гранцуската Петта Република.

8. Смртта на браќата Kennedy

“Големиот човек ќе биде срушен од молња,/ лоша смрт претскажана од носачот на петиција. /Другиот паѓа во вечерните саати. /Конфликт на Рајна, Лондон и епидемија во Тоскана.” (Век 1, Квадран 27)

Во 1963 год. претседателот на САД John F. Kennedy беше убиен (прострелан од молња) во 12.20 попладне. На неговиот брат му беше извршен атентат во 1968 год., кратко после полноќ. Точноста е запрепастувачка. На тоа, во истата таа година, студентите протестирале во Париз и Лондон додека Фиренца ја зафатила поплава кој била закана за животите на граѓаните и донела опасност од чума во градот.

9. Смртта на принцезата Diana

„Претпоследниот од презимето на Пророк / ќе ја земе Диана [Четврток] за негов ден за одмор: / тој ќе талка поради of напнатост, / и ослободување на многу луѓе од подаништво.“ (Век 2, Квадран 28)

Принцезата Диана, која јасно е именувана во квадранот, беше убиена во несреќа со автомобил во 1997 год. Таа беше во друштво со нејзиниот пријател Dodi Al-Fayed кој беше син на Mohammad Al-Fayed (на кое се однесува пророкот). „Ден на одмор“ е Недела, денот кога погина Диана, додека версусот „“ослободување на многу луѓе од подаништво може да се објасни со многуте луѓе кои ја жалеа смртта на оваа сакана принцеза.

10.  9-11 Предвидување

„Вулкански оган од центарот на земјата / ќе предизвика тресење во новиот град: / две големи карпи ќе направат војна за долго време. Тогаш Аретуса ќе зацрвенее нова река.“(Век 1, Квадран 87)

Ова е едно од најмистериозните предвидувања на Нострадамус и се вели дека е поврзано со нападот на двете Згради Близначки  на Светскиот Трговски Центар во Њујорк. Во овој квадран, новиот град изгледа како да се однесува на Њујорк, додека „центарот на земјата“ веројатно се однесува на Светскиот Трговски Центар. На тоа, двете карпи можат да бидат двете згради близначки. Овој напад ја усмери американската влада да започне војна против тероризмот кој нема да заврши во догледно време. Аретуса се верува дека е уште еден анаграм на Нострадамус кој може да се поврзе со името „Laden“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit