10 најбизарни играчки за деца

popara19 август, 20111min00

Сите деца се радуваат на играчки. Ама децата не се радуваат на сите играчки!!! Ви ги претставуваме 10-те најбизарни играчки на светот и се прашуваме кој ли болен памет ги дизајнирал овие глупости? Замислете, отварате поклон за роденден и наоѓате една од овие играчки во кутијата. Мислам дека следен поклон ќе ви биде посета на психијатар.

Куклата Pee Wee Herman. Кукла на маж, со црвени образи, луд поглед, сако од твид и чудна насмевка. Ме полазија морници…

Кукла која личи на вас. Праќате слика од вас, назад добивате кукла. И после децата ви биле „нарциси“.

Повторно родено бебе. Е кое е вистинското бебе де? Иако талентот на Дебора Кинг е неоспорен, сепак е језиво да си играш со бебе кое изгледа толку вистинско. Да напоменеме и дека може да порачате ваква кукла која има срце на батерии кое чука. …

Куклата Адолф Хитлер. Имаме само едно прашање за оваа кукла. Освен Кју Клус Клан и неонацистите, кој со здрав разум би ја купил?

Епидермис. Е ова навистина не го сфаќаме…Нема глава, има само коса, и опашка од метал. Тој што ја дизајнирал сигурно бил на тешки дроги.

Играчки во форма на мочка и гомно. Блјак… Купете им вакви играчки на децата и веднаш ги викаме социјалните служби.

Семоќниот Господ. Ај што направиле ваква „богохулна“ играчка, направиле… Ама сигурно ќе идат во пеколот зашто направиле Бог да изгледа како терминатор.

Кукла како исецкан труп. Е ова е навистина грозно. Дизајнерот е или Џек Мевосек или Фреди Кругер. Предлагаме кој ќе ја купи веднаш да го уапсат, зашто со сигурност е психопат.

Стриптиз шипка. Совршен поклон за вашата керќа ако сакате да стане проститутка.

Кукла за доење. На упатството за користење пишува „Бидејќи не би требало да чекате да ви пораснат гради за да доите бебе“. Ако има деца тој што ја дизајнирал куклава, веднаш треба да му се одземат!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag