10 најчесто крадени книги во САД

popara21 јули, 20111min00
The Latin Quarter, Paris, France

Американскиот магазин „Паблишерс викли“ објави листа на најчесто крадени книги по книжарите во САД. На место број еден се книгите на Чарлс Буковски. Поради ова, неговите дела во најпрометната книжара во Њу Јорк „Barnes & Noble“ се држат на посебна полица веднаш зад касата.
Одма после книгите на Буковски е  „рок гуруто“ Вилијам Бероуз, па американскиот поет и романсиер Џек Керуак. Пол Остер, писателот на „Њујоршка Трилогија“ се наоѓа на шетврто место, а на петто е британецот Мертин Ејмс, автор на „Записите на Рејчел“, „Лондонски полиња“ и др.
Списокот на најкрадени книги продолжува со: Дон Де Лило, автор на 10 романи, меѓу кои „Паѓач“, „Подземје“. Писателот на „Параноја во Лас Вегас“ – Хантер Томсон, а на десето место се наоѓа американецот со грчко потекло, инаку добитник и на ПУлицеровата награда – Џефри Еугенидес.
Уредниците на „Паблишерс викли“ дошле на идеја да објават листа на најчесто крадени книги по американските книжарници, после аферата на историчарот Бери Ландауа, кој украл званични документи лишно потпишани од Абрахам Линколн. Ние сепак мислиме дека идејата за овој список им е од организаторите на Франкфуртскиот саем на книги. Овој саем е еден од најголемите и најпосетувани саеми за книги во светот и за најдобра книга на крајот на саемот се прогласува онаа која е нај крадена од штандовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag