Јужно Корејски фестивал на калта

21 јули, 20110
1

Годишниот Фестивал на калта во Јужна Кореа беше посетен од скоро 3 милиони луѓе со што се пткрена свесноста на регионот за козметичката индустрија со кал.

Посетителите на фестивалот лежат во калта во текот на 14-тиот Boryeong Фестивал на калта на Daecheon плажата во Boryeong (Ројтерс)/

14-тиот фестивал кој се одржува секоја година во Boryeong беше очекува за „mud mob scene“ (сцената со борбата во калта) каде кал се прска на плажата Daecheon и милиони расположени се забавуваа и танцуваа намачкани во кал.


Долу и валкано: Посетителите на Фестивалот на кал се борат на 14-тиот Boryeong Фестивал на Кал (Ројтерс)

Калта богата со минерали беше пренесена на плажата со камиони.

Други понудени активности секако беа поврзани со кал како лизгање, борење, пливање во голем базен полн со кал.


Странски туристи се борат во базенот полн со кал на Boryeong Фестивал на Кал на плажата Daecheon во Boryeong, Јужна Кореа (AP)

Професорот по англиски јазик Nick Prado кој го посети фестивалот на кал изјави: „Најдоброто нешто за фестивалот е тоа што можете да се однесувате како мало дете, да се намачкате целосно со кал без да се грижите и едноставно да лудувате.

Супер е.“

Околу 50.000 туристи исто така го посетија фестивалот, од кои се генерираа околу $52м (£32м) за економијата на регионот.

Koo Moon-hoe, претседателот на туристичкиот оддел за тој регион изјави: „Странците изгледа уживаат затоа што можат да земат учество во многу различни активности, да ја почувствуваат калта и да се дружат со луѓе од сите краишта на светот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi