10 најисчукани начини да започнеш бизнис :)

popara19 август, 20111min00
otkacheni-raboti

Скоро секоја работа на која може да ви текне е потенцијал за отпочнување со сопствен бизнис, само ако ја разгледате малку посериозно. Но оние малку „почудните“ занимања може да имаат и поголеми предности. Тие често имаат мала конкуренција, а тоа значи повеќе пари за вас и како вработен и како сопственик. Исто така, една од предностите е што за ваквите чудни бизниси, формалните барања, поседување дипломи и различни лиценци, се помали со што се олеснува постапката за започнување на бизнисот.

Еве ги 10-те најисчукани начини за започнување бизнис…

1. Чистач на местото на злосторот

Да…ќе чистите и распрскани мозоци. Бизнисот за деконтаминација на криминални сцени го вклучува и тоа. Но, имајте на ум дека платата не е како за обичен чистач. А покрај тоа, откако со тек на време го стекнете искуството на био-техничар, ќе ги поседувате сите потребни квалификации за отворање на сопствен бизнис и при тоа ќе наплаќате од 100 до 600 долари на час.

2. Демолирање објекти

Уривањето на објекти е забавно, но само за гледање. Иако носи бројни ризици, уривањето на објекти е профитабилен бизнис во Америка од кој се заработува повеќе од 50.000 долари и тоа само од плата. Мултимилионските компании кои работат во овој сектор биле стартувани од страна на поранешни вработени кои работеле како работници за ситни деконструкции во куќи.

3. „Ловец на глави“

Потера по опасни криминалци? Платата на овие „работници“ е многу мала во однос на превземениот ризик, но ништо не може да ја засени авантурата на овие работни места. Откако ќе се здобиете со соодветно искуство и способност за процена на ризик, можете да се одлучите да отворите сопствен бизнис за лов на криминалци, притоа, за опасните потери да вработите други.

4. „Хирург за дрвја“

Кастрење, сечење, корнење дрвја за нешто под просечната плата! И доколку не ви се допаѓа баш овој опис на работно место, имајте на ум дека штом го претворите во сопствен бизнис, ќе наплаќате и до 1000 долари за отстранување на дрво и 125 долари на час за консултации и давање совети.

5. Возач на таски велосипед

Инвестирајте во неколку такси-велосипеди и почнете да им ги земате парите на таксистите.

6. Чистач на запленети објекти

Платата не очекувајте да е поголема од стандардните чистачи на објекти. Но, после кратко време, ќе го имате потребното искуство и заштеда потребни за набавка на потребните средства и  отпочнување со свој бизнис.

7. Сервисер на шофершајбни

Вработените во ваквите компании се платени од час или на процент од секоја поправка. Во секој случај, добро научете ја работата, за да по кратко време, вие ги праќате вашите вработени да ја извршуваат истата. Вие само наплаќајте.

8. Специјалист за контрола на животни

Ракуните оставаат ужасна смрдеа во поткровјето, змиите касаат, а алигаторите нема да си заминат од базенот без борба. Но позитивната работа тука е тоа што за да се вработите во овој сектор не ви е потребна факултетска диплома. Исто така лиценцирањето и останатие формални барања за започнување со овој бизнис се многу мали, секако, откако ќе се стекнете со потребното искуство.

9. Провајдер за погребни услуги

За да станеш директор на погребално претпријатие потребна е соодветна диплома. Но најлесниот начин за влегување во овој бизнис е да станете провајдер за погребални услуги, како на пример изработка на биоразградливи погребални ковчези. Ова е бизнис со многу мала конкуренција.

10. Фризер за домашни миленици на повик

Никој не сака да го малтретира своето домашно милениче од едната до другата страна на градот за едноставно фризирање или покастрување на нокти. Затоа, вашата работа ќе вклучува ваше доаѓање во нивните домови. Ова е интересна област во која би можеле да го сместите својот бизнис и да профитирате.

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag