Дали момчињата се вљубуваат побргу од девојките!? Зошто?

19 август, 20110
naslovna

Како знаат најголемиот број мажи која е жената на нивниот живот? Во принцип, наједноставно: насмевката, парфемот кој му се допаѓа или самиот поглед на девојката во вистински момент. Ете, толку е потребно.

Научните истражувања велат дека мажите уште на првиот состанок можат да ја препознаат жената на својот живот, додека на жените им треба повеќе и тоа некаде 5-6 пати повеќе. Според спроведената анкета секој петти маж се изјаснил дека се вљубил на прв поглед. Повеќе од половина се вљубиле уште по првиот состанок, а третина од нив го предале срцето по три излегувања.

Кај жените, пак, резултатите се поинакви. На прв поглед се вљубува дури секоја десетта девојка, а повеќето од нив по шестиот состанок. Заради резултативе, во вода паѓаат теориите за вљубливата природа на жените, и демек, затоа мажите постојано им ги кршеле срцата.

Научниците преку оваа студија ни покажуваат дека мажите и жените имаат различно дефинирање на љубовта и вљубеноста воопшто. Постојат и некои сличности, како на пример, и едните и другите сметаат дека првата љубов е онаа која најтешко ја имаат преболено.

Професорот, и воедно психолог, Александар Гордон, смета дека како резултат на ова е површното согледување на работите од страна на мажите, додека жените размислуваат за целата ситуација и евентуалната иднина со партнерот. Факт е дека мажите ја анализираат прво физичката привлечност на жената која многу им е битна, додека жените ја перцепираат можната врска од повеќе страни, размислувајќи за брак и деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi