10 најлуди научници на сите времиња – четврти дел

popara22 јули, 20111min00
monsterMakers

Ендру Уре: Шкотскиот Касап
Ендру Уре, шкотски доктор роден во Глазгов. Студирал хемија и филозофија. Во 1818 година Уре ги открил експериментите кои ги вршел на телото на егзекутираниот убиец/крадец по име Матеј Клудесдал. Тој тврдел дека со стимулирање на френичниот нерв, животот може да се поврати во случаи на задушување, давење или бесење. Ова најверојатно ја инспирирало Мери Шели кога го пишувала нејзиниот роман, “Франкенштајн”.
Уре се стекнал со слава со помош на своите говори и пишувања дека се залага за индустрискиот капитализам. Неговата “Философија на производителите” објавенa во 1835 година одиграла важна улога во обликувањето на јавното мислење во услови на критички дебати и реформи во фабриките и донесување на нови лоши закони. Оваа ги поставило основите на фабричкиот систем на производство. Исто така, Уре застанал во одбрана на фабриките и работните услови кои ги наметнувале за време на индустриската револуција во Британија.
Тој фундаментално ја отфрлил потемната страна на капитализмот, тврдејќи дека работниците доброволно се подложуваат на аргатство.

 

Широ Иши: Д-р Зло

Широ Иши бил микробиолог и генерал-полковник на 731-та единица, Биолошка Воена Единица на Кралската Јапонска Армија за време на Втората Сино-Јапонска Војна. Во 1932, тој ги започнал своите прелиминарни експерименти во биолошката војна како таен проект за јапонската војска. Во 1936 година 731-та единица била формирана. Иши изградил огромен комплекс со повеќе од 150 згради на површина од шест квадратни километри, надвор од градот Харбин, Кина. Истражувањето било тајна, а објаснување било дека единицата 731 е ангажирана за прочистување на водата.

Од 1940 година, Иши, бил назначен за водач на Биолошката воена единица на Армијата Каватунг, водејќи го истовремено Бактериолошкиот Оддел на медицинската академија на армијата. Во 1942 година, Иши започнал да извршува тестови на терен со микробиолошки агенси развиени за војување и со различни начини на дисперзија (т.е. преку огнено оружје, бомби и др) врз кинески воени затвореници и оперативно на боиштата против цивилите во кинеските градови. Некои историчари проценуваат дека десетици илјади луѓе починале како резултат на био-оружје (вклучувајќи епидемијата од чума, колера, антракс и други). Неговата единица, исто така, вршела физиолошки експерименти врз човечки субјекти, вклучувајќи вивисекција, присилни абортуси, симулирани удари и срцеви напади.

Од 1942-1945, Иши бил шеф на медицинскиот оддел на Јапонската Прва Армија. Во 1945 година, во последните денови на Пацифичката војна и во лицето на претстојниот пораз, јапонски војници го уништиле седиштето на одделението на 731-та единица со цел да ги уништат доказите од истражувањата направени таму. Како дел од прикривање, Иши наредил преостанатите 150 луѓе кои кои беле предмет на експерименти да бидат убиени. Повеќе од десет илјади луѓе, од кои околу 600 секоја година биле обезбедени од страна на Кемпетаи (кинеска воена полиција) биле предмет на експериментирање од страна на Одделението за 731.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag