10 најскапи десерти во светот

popara2 јули, 20112min00
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Сите ние, до одреден степен, уживаме во слатките задоволства. Иако повеќето од нас би се задоволиле со парче чоколадо, торта или сладолед, има и онакви кои се во потрага по нешто несекојдневно, луксузно и егзотично. Во овој прилог заборавете на обичните колачи, пудинзи и пити, затоа што ви ги претставуваме 10-те најскапи десерти на светот.

 

10. Chocolate Variation – Овој десерт, кој чини „само“ 640 долари, се служи во италијанскиот ресторан Mezzaluna (Полумесечина), во хотелот Lebua во Банкок, Тајланд. Овој префинет десерт се служи со ливчиња направени од прехрамбено злато, шербет од Roederer Christal Brut 2000 шампањ и крем бруле. Згора на се, десертот доаѓа со Perigord тартуфи, крем од чоколадо и јагоди и парче чоколадна торта.

 

9. Чоколадите Noka се познати како едни од највкусните и најделикатните чоколади во светот. Направени се од какао од најдобрите региони во светот, како Венецуела, Еквадор или Брегот на слоновата коска. Ретро колекцијата на овие чоколади чини неверојатни 854 долари за половина килограм. Со нивната класична арома и уникатен вкус, Noka чоколадите се дефинитивно едни од најдобрите во светот.

 

8. Sultan’s Golden Cake, односно Златната торта на султанот се служи во Ciragan Palace во Истамбул и чини дури 1000 долари. Овој неверојатен десерт, за кој се потребни 72 часа за да се направи, содржи смокви, дуњи, кајсии и праски кои стојат потопени во Јамајкански рум цели 2 години. Шлагот на тортата е направен од карамела, црни тартуфи и златни листови.

 

7. Едни од најскапите тартуфи на светот се белите тартуфи, познати како алба тартуфи. Тие може да се најдат во регионот Пиедемонт во Италија. За нивно пронаоѓање досега се користеле кучиња, но и свињи, бидејки самите печурки испуштаат мирис сличен на машкиот хормон кај овие животни. Овој вид на тартуфи се продава од 3000 до 5000 долари за килограм. Најголемиот примерот од овој вид, кој тежел цели 1,5 килограми бил продаден за неверојатни 330 000 долари на сопственикот на казина Стенли Хо.

 

6. Chocopologie од Knipschildt нуди навистина уникатен и неодолив вкус. Продавницата за чоколади, која Фриц Книпшилд ја основал во 1999 година, ги продава најскапите чоколади од тартуфи на светот, чија цена се движи од 5000 долари за килограм или 250 долари за едно парче. За да го купите овој неверојатен десерт мора да го порачате некое време однапред, но оние кои го пробале велат дека е незаборавно вкусен.

 

5. Pierrе Hermé се навистина големи уметници кога станува збор за слатки во сите големини и форми. Со две седишта во Париз и во Токио, оваа компанија секоја сезона нуди различни егзотични рецепти. Сепак, од сите слатки најмногу се истакнува Macaroons Haute Couture. Компанијата е позната по „целувките“ исполнети со состојки по желба на купувачот. За „лични“ рецепти, купувачите доаѓаат на проба, а во зависност од состојките, цената може да достигне и до 7000 долари за килограм.

 

4. Fortress Stilt Fisherman Indulgence порано беше познат како најскапиот десерт на светот. Овој десерт чини 14.500 долари и се служи во хотел во Шри Ланка. Десертот е направен од тесто со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Она што го прави овој десерт посебен е декорацијата, која ја сочинуваат рибар изработен од чоколадо и аквамарин од 80 карати.

 

3. До скоро, Serendipity беше позната по најскапиот пудинг, кој чини 1000 долари по парче. Сега оваа компанија се надмина себеси и, според Гинисовата книга на рекорди, го создаде најскапиот десерт на светот. Frrozen Haute Chocolate е десерт кој е креација на Serendipit 3 и њујоршката продавница за накит Euphoria. Десертот е микс на 28 видови на какао, од кои 14 се најскапите и најретките видови на какао во светот. Освен какао, овој десерт содржи 5 грама прехрамбено злато, како и алка од злато и дијаманти. Десертот се јаде со златна лажичка на која има бели и кафени дијаманти, кои клиентот може да ги задржи.

 

2. Иако не е во масовно производство, на оваа листа мора да се најде и Platinum Cake (тортата од платина), која чини неверојатни 130 000 долари. Тортата е дело на познатиот јапонски готвач Nobue Ikara, кој вели дека тортата ја изработува во чест на сите убави жени. Десертот е накитен со ланчиња од бело злато, а дел од нив се јадат.  Тортата е посветена на познатите јапонки како Rinko Kikuchi и Chie Kumazawa, а самиот готвач вели дека со овој десерт сака да ги охрабри жените да носат накит изработен од бело злато.

 

1. Рецептот за Strawberries Arnaud е општо познат – сладолед од јагоди со цитрус и црвено вино. Но јагодите кои ќе ги најдете во ресторанот Arnaud во Њу Орлеанс не се обично сецкано овошје. Овој десерт доаѓа со уникатен розов дијамант од 4.7 карати кој порано му припаѓал на британскиот економист Сер Ернест Касел. Цената за овој десерт е навистина неверојатна, дури 1,4 милиони долари, а самите јагоди се се служат прелиени со ликер Charles X кој чини 24. 850 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag