Топ 10 најбизарни сообраќајни знаци

2 јули, 20110
41_07_9---Wrong-Way-Road-Traffic-Sign_web

10. Стоете настрана од овие автостопери!

Здравиот разум ви кажува да не застанувате на автостопери во близина на поправен дом во никој случај, освен, се разбира, доколку не уживате во ризикот. Но сепак изгледа дека многумина немаат здрав разум. Овој знак е поставен пред поправен дом и на него пишува „Не застанувајте на автостопери!“.

 

9.  Внимание – лос на патот!

На овој знак пишува „Внимание – лос на патот“. Замислете, доколку видите лос како преминува, треба да застанете и да чекате, бидејќи лосот не е познат како брзо животно. Всушност, на овој знак треба да пишува „Внимание – лос на патот. Ве молиме изгаснете го вашиот автомобил и почекајте“.

 

8. Конечно – знак кој предупредува за стари лица кои преминуваат пат

Сите знаеме колку е опасно кога стари лица преминуваат улица. Покрај тоа што нивните сетила скоро и да не функционираат, тие се навистина бавни. Овој знак, на кој пишува „Стари лица“, е добредојден за сите возачи.

 

7. Внимание, оклопни возила на патот!

Замислете, се возите и одеднаш налетувате, ни повеќе ни помалку, туку на тенк. Зар навистина има толку многу тенкови по патиштата? А доколку има, зар е тешко да забележите огромно парче метал кое се движи навистина бавно? Сепак, постои и таков знак кој не предупредува на „Тенк на патот“.

 

6. Доколку личи на патка…

На знакот пишува „Патки на патот“. Не сме сигурни каква дефиниција за „патка“ има човекот кој го изработил знаков, но дефинитивно е различна од нашата…

 

5. Гранките напаѓаат!

Овој знак ги предупредува возачите дека гранките од околните дрвја може да паднат. Па кој би паркирај под некое дрво, би излегол од својот автомобил и би чекал врз него да падне некоја гранка?

 

4. Гррррр, ав ав….што???

Знакот ги предупредува сопствениците на кучиња да чистат по нивните миленици. Исто така, на знакот пишува „Гррр, ав ав, гррр…. Добро куче!“. Знакот, претпоставуваме треба да претставува шега. Сепак, кој би потрошил пари за знак кој би требало да им се обраќа на кучињата? Како тие да знаат да читаат…

 

3. Извинете, но нема забава во Санта Круз

Овој знак е дефинитивно убиец на забава. Забрането е: алкохол, цигари, домашни миленици, стаклени шишиња, мотори, ѓубре, логорски оган, кампување, нуркање, безбол, лансирање на бродови, продавачи… Се прашуваме дали и дишењето е забрането.

 

2. Дозволени се само „Џејмс Бонд“ автомобили

На знакот стои дека секој автомобил мора да има падобран. Па да, сите ние имаме вграден падобан во нашите автомобили за оние денови кога ќе решиме да прелетаме над некоја клисура. Ви благодариме за предупредувањето, ќе бидеме подготвени во секој момент да го искористиме падобанот.

 

1. Забрането е носење на експлозиви во вашиот автомобил!

На знаков гледаме автомобилот кој експлодира. По кратко истражување, дојдовме до сознание дека знаков всушност значи дека носењето експлозиви во вашиот автомобил е забрането со закон. А во која земја се охрабрува носење на смртоносни направи во автомобилите???

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi