10 најскапи јахти во светот

22 јуни, 20110
Eclipse

10. Анализ – 103 милиони долари
Во оваа јахта со 15 соби, место нашле уште: салон за масажа, библиотека, игротека за деца и кино сала со платно од 3м по дијагонала. Јахтата е сопственост на мултимилионерот од Монако Жил Вреглеј и истата го добила името по неговата прва љубов кога сеуште бил момченце од само 12 години. Вреглеј духовито забележал дека неговата љубов била многу поневина отколку јахтата.

9. Алисија – 116 милиони долари
Во најголемата просторија на овој брод (со површина од 120 квадратни метри) на посебна палуба се наоѓаат џакузи и мермерно купатило. Јахтата има лифт кој ве носи на секоја од петте палиби на бродот, а на кои има бар, теретана, салон за танцување и вински подрум со преку 500 шишиња врвно вино. Познато е само дека сопственикот е од Шпанија, кој до сега успешно го сокрива својот идентитет.

8. Екстасеа – 129 милиони долари
Рускиот милијардер, Роман Абрамович, инаку сопственик и на фудбалскиот клуб Челзи е сопственик на оваа јахта. Ентериерот на оваа јахта, по барање на Абрамович, инспириран е од мотиви од Азија. Абрамович инсистирал покрај амам (турско купатило) и сауна, јахтата да поседува и дискотека. До неа може да се стигне и по воздушен пат, со хеликоптер, што значи дека јахтата има и свој хелиодром.

7. Пелорус – 130 милиони долари
Немојте да мислите дека се раборти за печатна грешка: сопственик и на оваа јахта е Роман Абрамович. Од „стандардната опрема“ има уште: базен, 2 хелиопади, 40 членови на посада, неколку врвно обучени специјалци, мини подморница и систем за детектирање проектили. Куриозитет за оваа јахта е што Абрамович повеќе ја користи за бизнис состаноци, отколку за своите приватни цели.

6. Октопус – 200 милиони долари
Пол Ален, инаку ко-инвеститор во Микрософт, е по се изгледа голем њубител на скапоцени јахти и слободно може да се каже дури и колекционер на истите. Наиме, ова е една од многуте негови. И покрај тоа што е најскапа од тие што тој ги поседува, самиот вели дека таа не му е и најомилената. Инаку, на неа има уште 7 помалу јахти, 2 хеликоптери и подморница во која може да се сместат 10 членови на посада. Дел од посадата ја чинат бивши припадници на специјалните американски еднинице Фоки.

5. Рајзинг Сан – 200 милиони долари
Оваа 135 метри долга кахта сопственост е на Лери Елисон (ЦЕО во компанијата Оракл) и продуцентот Дејвид Гефен. Не би била мега-јахта да нема 5 палуби, 82 соби, кино сла и кошаркарски терен.

4. Лејди Моура – 210 милиони долари
Оваа јахта, инаку сопственост на саудискиот принц Насер Ал-Рашид, и покрај тоа што е долга „само“ 106 метри, сепак е една од најлуксузните. Оваа јахта изградена е 1881 год. Ја опслужува посада од 60 членови, базенсо покретен покрив, како и мини-плажа. Името го добила по прерано починатата мајка на принцот, а се зборува дека принцип на сопственикот е таму да не ги води љубовниците, туку само сопругите. Наведената сума на чинење на јахтата е без цената на позлатениот кревет во кој принцот спие.

3. Дубаи – 350 милиони долари
Гордоста на владетелот на Дубаи – Мохамед Бин Рашид Ал-Мактума, е оваа 160 метри долга јахта. На нејзе може да работаат и уживаат 88 членови на посадата и 115 гости. Секој од шесте апартмани за гости и 5 ВИП апартмани имаат свој балкон. Јахтата има 8 палуби, голем базен, терен за сквош, хелиопад и помал хангар за авиони.

2. А – 400 милиони долари
Едноставно и кратко наречена само „А“, оваа јахта е едно од најскапите јавни признаниа за љубов и се однесува на Александра Николиќ, славна манекенка на Моделс и миленичка на рускиот милијардер Андреј Мељничек. Да би се наполнал резервоарот на оваа луксузна јахта, Андреј би морал да издвои скоро 1,5 милиони долари, гориво кое би се потрошило за 16 дена со лесно крстарење. Поседува 3 базени, а ја опслужуваат 42 члена на посада.


1. Еклипса – 1,2 милијарди долари
Пак Роман Абрамович! Ова е една од четирите најлуксузни кои тој ги поседува. Се разликува од предходните спомнати затоа што е најголема и слободно можеме да кажеме најубава и најлуксузна. Долга е 170 мести, за за нормално функционирање на јахтата запослени се 70 редовни членови на посада. Абрамович може на оваа јахта да ужива со пријателите бањајќи се во голем базен, кој може брзо да се испразни, исуши и претвори во дискотека. Јахтата поседува и голем аквариум, два хеликоптери, три помали брода и подморница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *