10 Најскапи слики во светот

1 јули, 20110
naslovna

10. $55,000,000 за Femme aux Bras Croises на Pablo Picasso (2000)

Оваа слика, насликана 1901, дел е од Синиот период на Пикасо, мрачен и тажен период во животот на овој уметник. На сликата има претстава на жена со прекрстени раце кој гледа во празната далечина. Femme aux Bras Croisés беше продадена за $55,000,000 на 8-ми Ноeмври 2000 на Christie’s Rockefeller во Њујорк.

9. $60,500,000 за Rideau, Cruchon et Compotier на Paul Cézanne (1999)

Оваа слика на Paul Cézanne, насликана 1893-1894, беше продадена за $60,500,000 на Sotheby’s Њујорк на 10-ти Мај 1999 на “The Whitneys”. Whitney роден во една од најбогатите фамилии во Америка, беше авантурист капиталист, издавач, филмски продуцент на Бродвеј и во Холивуд, и филантропист.

8. $71,500,000 за Portrait de L’Artiste sans Barbe на Vincent van Gogh (1998)

Портретот на артистот без брада е еден од многуте автопортрети на холандскиот уметник Vincent van Gogh. Овој автопортрет го има насликано во Saint-Rémy-de-Provence, Францијаво Септември 1889. Овој автопортрет е необичен по тоа што другите се со брада и како таков стана еден од најскапите слики на сите времиња кога беше продадена за $71.5 милиони 1998 во Њујорк.

7. $76,700,000 за The Massacre of the Innocents на Paul Rubens (2002)

Масакарот на невините е една од двете слики на Peter Paul Rubens во кои е претставен библискиот масакр на невините опеан во госпелот на Метју. Оваа слика на Peter Paul Rubens, насликана 1611, е единствената во листата која не е насликана во 19-ти или 20-ти век. Продадена е за $ 76,700,000 во 2002 на аукција на Sotheby.

6. $78,100,000 за Au Moulin de la Galette на Pierre-Auguste Renoir (1990)

Bal au moulin de la Galette, Montmartre беше насликан од францускиот сликар Pierre-Auguste Renoir во 1876. На 17-ти Мај 1990 продадена е за $ 78,000,000 на Sotheby во Њујорк на Ryoei Saito, почитуваниот претседател на Daishowa Paper Manufacturing Company од Јапонија. Во време на продажбата беше една од двете најскапо продадени слики во светот покрај Portrait du Dr. Gachet на Vincent van Gogh

5. $82,500,000 за Portrait du Dr. Gachet на Vincent van Gogh (1990)

Оваа слика на холандскиот импресионист Vincent van Gogh преку ноќ стана позната кога јапонскиот бизнисмен Ryoei Saito за неа плати  $82.5 милиони на аукција на Christie’s, во Њујорк.

4. $95,200,000 for Dora Maar with Cat by Pablo Picasso (2006)

Оваа слика приближно ја удвои стртната вредност за да достигне цена од $95,200,000 на аукција на Sotheby на 3-ти Мај 2006. Продадена е на анонимен купувач. Насликан во 1941, овој контроверзен портрет на Picasso на неговата љубовница Dora Maar понекогаш се опишува како нејзин реалистичен портрет.

3. $104,000,000 за Boy with a Pipe на Pablo Picasso (2004)

Garçon à la Pipe е насликана во розевиот период на овој уметник во кој Picasso слика со ведра порокалова и розева палета на бои. Цената постигната на аукцијата на Sotheby во Њујорк на 4-ти Мај 2004 беше изненадување за купувачите, земајќи во предвид дека е насликана во стил кој обично не се поврзува за пионеризмот на кубистичкиот уметник.

2. $135,000,000 за Adele Bloch-Bauer I на Gustav Klimt (2006)

Рекордна продажба проследена со одлука на судот на австриската влада да се врати сликата во наследство на Bloch-Bauer, беше кулуминација на долгогодишната расправа околу кражбата од страна на нацистите во Втората Светска Војна. Насликана од art nouveau мајсторот Gustav Klimt во 1907, купена е во 2006 од наследникот Ronald S. Lauder.

1. $140,000,000 за No. 5, 1948 на Jackson Pollock (2006)

Според извештајот на New York Times, на 2-ри Ноември 2006, сликата беше продадена од страна на David Geffen, основачот на Geffen Records и ко-основач на Dreamworks SKG, на David Martinez, парнер во Fintech Advisory Ltd, во приватна продажба за рекордна цена од $140 милиони. Насликана од експресионистот Jackson Pollock во негов препознатлив “drip”  стил, сликата се вели дека е купена од могулот David Geffen во Ноември

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi