Сите сакаме животни, но постојат луѓе кои немаат граница во својата љубов кон животните! Ви ги претставуваме најскапите животни на светот:
1.„Зелениот мајмун“ – 16.000.000 долари
„Зелениот мајмун“ е всушност името на најскапиот коњ на светот. Тој им припаѓа на тројца сопственици и има шампионско потекло. Но иако е најскапиот тркачки коњ во историјата, тој никогаш нема освоено трка.
2. Миси – 1.200.000 долари
Миси е црно бела крава од видот Холстен и во моментот го држи рекордот за најскапата крава на светот. Таа ја освои главната награда на 2009 Western Fall National Show и во моментов се смета за најдобрата крава во САД.
3. Тибетски мастиф – 582.000 долари
Тибетските мастифи се огромни кучиња кои тежат над 70 килограми и се високи над 80 сантиметри. Најчесто се црни, кафени или сиви, но понекогаш можат да бидат и целосно бели. Овие кучиња се многу силни и често се чуваат како овчарски кучиња, а способни се да убијат и тигар со цел да го заштитат стадото. Тибетските мастифи се чуваат и како чувари на домот, па дури и како чувари на некои манастири.
4. Сер Ланселот Енкор – 155.000 долари
Откако Едгар и Нина Ото го загубија својот миленик, лабрадорот Ланселот, потиштени од болка, тие решија да го клонираат. Една година по смртта на Ланселот, тие го добија клонот на нивното покојно куче, процес кој ги чинеше неверојатни 155.000 долари. Во едно интервју, двојката изјавила дека Ланселот Втори ги има истите навики и истото однесување како и нивниот претходен миленик.
5. Бел лав – 138.000 долари
Белиот лав најчесто може да се сретне во резерватите во Јужна Африка, а бојата ја добива заради ретката генетска мутација на видот Kruger. Белите лавови сеуште не се заведени како посебен вид, иако за нив се смета дека постојат многу одамна. Иако неможе да се утврди со сигурност, според фондацијата Global White Lion Trust, денес во светот има помалку од 300 примероци од овој вид на лавови.
6. Бубачка-елен – 89.000 долари
Овој вид на бубачки е еден од малкуте видови кои имаат рогови. Тие се навистина ретки, а нивната големина изнесува од 5 до 6 сантиметри. Во ретки случаеви, може да се најдат и поголеми примероци. Најскапиот продаден примерок на оваа бубачка бил поголем од 7 сантиметри, а на лицитација достигнал цена од 89.000 долари.
7. Палм Какаду – 16.000 долари
Палм Какаду, уште познат како Голијат Какаду е сиво-црн папагал од семејството Какаду. Според познавачите, овој вид на папагал има уникатна молекуларна структура, па затоа има и огромна цена. Папагалите од видот Палм Какаду се високи од 55 до 60 сантиметри, а тежат од 910 до 1200 грама. Тие имаат огромен клун и уникатни црвени образи кои ја менуваат бојата кога птицата го менува разположението.
8. Хиацинт Макау – 14.000 долари
Уште еден вид на папагали се најде на нашата листа. Станува збор за папагалите од видот Hyacinth Macaw кои живеат во Јужна Америка. Овие папагали се најголемите папагали кои може да летаат. Многумина ја сакаат оваа ретка птица за миленик, што доведе до значително опаѓање на нивната популација во дивина. Тие се хранат со лешници, бадеми, секаков вид на овошје, а нивниот силен клун може да скрши и кокос.
9. Де Браза мајмуни – 7.000 до 10.000 долари
Овој вид на мајмуни го добил своето име по францускиот истражувач Преј Саворнан де Браза. Тие се познати и како мочуришни мајмуни, а најчесто може да се најдат во Централна Африка. Де Браза мајмуните е навистина тешко да се фатат, пред се поради нивната неверојатна способност за криење. Овој вид на мајмуни живее околу 22 години, а најчесто може да се најдат во помали групи на чие чело е алфа мажјакот.
10. Тукан – 5.000 до 10.000 долари
Овој вид на птици живее во Мексико, Централна и Јужна Америка и на Карибите. Овие птици најчесто имаат црни пердуви, но имаат прекрасни шарени долги клунови. Туканот е одличен домашен миленик, па не е ни чудо што многу луѓе се спремни да ја платат огромната сума од 5.000 до 10.000 долари, колку што чинат овие птици.