Диктатурата на Кралот Александар и слободните ѕидари – втор дел

6 јули, 20110
Masons

Крвопролевањето во Собранието претставуваше кулминација на целокупната криза во парламентарниот систем, а конфликтот на политичките партии, со своите демагошки разлики резултираше со колапс на системот. Кризата во југословенскиот политички живот го наметна прашањето за опстанокот на заедничката држава на Србите, Хрватите и Словенците. Поради ваквата ситуација, како логично решение се очекуваше да биде преземено и дадено од страна на Кралот Aleksandar.

Kral Aleksandar

По извршениот атентат врз Stjepan Radić и останатите високи политички функционери во Хрватска, од страна на Големата ложа беше побарано да се смират стратите, но во исто време посочија да се зачува гледиштето за безусловно државно единство и потребно од преземање на сите мерки за намалување на негативните реакции.

Stjepan Radic

Поради тоа, Кралот Aleksandar во ноември 1928 година отпатува за Париз, каде одржаа преговори со највлијателните француски политички претставници и притоа доби поддршка за преземање на радикални мерки со кои требаше да се обезбеди зачувување на државното и националното единство на Кралстовото СХС. На Франција и на нејзините политички претставници (за остварување на одредени економски интереси) ваква силна државна заедница беше потребна на Балканот.

Како интересен податок е дека во исто време Ante Trumbić беше во посета на Париз со цел да побара поддршка за залагањата на СДК, но неговиот обид да ја стекне наклоноста на беше неуспешен. Бидејќи и Чехословачка претставуваше моќна државна заедница која веќе имаше постигнато спогодба со Кралот Aleksandar и со француските слободни ѕидари, не обезбеди поддршка на Trumbić. Според ова, може да се заклучи дека слободните ѕидари претставуваа одлучувачки фактор во оваа криза и преку своите канали успеаа да ја ублажат спортивставеноста на буржоазијата во Белгард и Загреб.

Ante Trumbic

Според мислењето на Др. Milan Bartoš, во југословенскиот слободноѕидарски сојуз постоеја три струења: Лево крило – антидиктаторска, републиканска група на чие чело застанаа Ivan Ribar, Savko Dukanac, Đura Bajalović; Десно крило – кое најмногу се залагаше за диктатурата на Кралот Aleksandar, на чело со Vladimir Ćorović, Viktor Novak, Juraj Demetrović, Damjan Brankvić, Đorđević; третото струење беше Централното крило, на чие чело беа Големиот мајстор Đorđe Vajfert, Dušan Miličević, притоа се залагаа за намалување на спротивставеностите помеѓу двете струења и за изнаоѓање на решенија за ситуацијата.

Djordje Vajfert

Оваа струење ги застапуваше одредбите за строго почитување на масонските начела и забрана на министрите (слободни ѕидари) да присуствуваат на состаноците на Големата ложа, додека ја извршуваат министерската функција. Во повисоките кругови на масонството преовладуваше десното струење на чело со Ćorović чија идеологија претставуваше некаков вид на корпоратизам против германско-италијанските фашисти, а се залагаа и за уредување на работничките права.

Од друга страна, слободното ѕидарство како елитна организација на југословенската буржоазија во овие критични моменти ги стави на располагање сите свои средства и врски во служба на Кралот Aleksandar. Во ноември и декември 1928 година во Загреб пресудна улога за приготвувањето на теренот за воведување на диктатурата имаа Toni Šlegl, Mate Drinković, Milivoj Dežman, Oto Frangeš, Sanko Švrljuga, Želimir Mažuranić, Milorad Stražnicki.

Кралот Aleksandar на 6 декември 1928 година беше известен од страна на Toni Šlegl дека англиските кругови блиски до владата се подготвени да и помогнат на СДК односно ХСС, само под услов да ја поддржат државната заедница на Србите, Хрватите и Словенците односно да го поддржи Крал и заедничката државна граница приота да останат заедничката војска, надворешната политика и државните финансии.

За време на развојот меѓу двете војни, југословенското масонство, според мислењето на Lazar Marković, помина низ четири периоди:

Првиот период беше по смртта на Pašić, вториот период беше од 1927 до 1929, третиот од 1929 до 1935 година, а четвртиот од 1935 година па натаму. Во првиот период масонството не се мешаше директно во политиката; вториот период се карактеризираше со несогласувањата помеѓу претставниците кои не го поддржуваа кралот Aleksandar и претставниците кои влегуваа во активни политички преговори со Кралот, претставувани преку Pere Živković. Во третиот период масонството даваше поддршка на диктатурата на Кралот и претставуваше потпора за одржување на мирот и за намалување на несогласувањата. После 6 јануари голем број на масони станаа дел од владата и беа именувани на министерски места.

Следуваа денноноќни консултации на Кралот со високите функционери на политичките партии, ана 6 јануари 1929 година, беше издадена забраната за работа на сите политички партии и се воведе диктатура од страна на Кралот Aleksandar.

Во составот на првата влада беа следните масони: M. Srškić, V. Marinković, S. Švrljuga, D. Kojić, Ž. Mažuranić, J. Demetrović, K. Kumanudi, O. Frangeš.

Само неколку дена подоцна, од страна на Кралот беше издадена прокламација во која се наведуваше дека потребата од изоставување на било каков посредник помеѓу народот и Кралот, а од страна на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, беше упатено циркуларно писмо до сите ложи во кое се бараше сите слободни ѕидари да се здружат во политичките расправи со застапување на единствени ставови.

Слободното ѕидарство всушност претставуваше единствена организација која продолжи со својата работа и после воведувањето на диктатурата. Нејзиност став беше дека е потребно да се развива идеата за градење на единствена југословенска националност и државност, бидејќи тоа претставуваше единствен услов за градење на заеднички живот и за просперитетна иднина.

Еден ден по издавањето на кралската прокламација, Dušan Miličević оствари средба со градоначалниот на Белград, Lazarević, на која средба беше дадена согласноста за продолжување на работата на слободните ѕидари, но од страна на Lazarević беше побарано да се достави списокот на слободните ѕидари, членови во југословенското масонство.

Големата ложа по повод кралскиот проглас, нареди сите ложи да се здружат во секоја расправа поврзана со политичките прашања. Оваа наредна беше во согласност со дотограшните односи на масоните со Кралот Aleksandar, кој беше член на оваа организација, но во однос на неговото членство се чуваше во тајност не само пред јавноста туку и меѓу тогашните масони.

Според информации кои кружеа меѓу масоните, Кралот беше член и на Големиот Оријент на Франција и член на Големата ложа на Англија.Инаку во 1912 година беше кандидиран за Голем мајстор на Големата ложа на Србија, но поради оправдани причини мораше да се откаже.

Еден од истакнатите масони и дологогдишен член на Големата ложа, Antonijo Šokorac, во една прилика го истакна односно на Кралот Aleksandar кон масоните:

Односот на Кралот Aleksandar кон југословенските слободни ѕидари беше пријателки и полн со симпатии кон нивната работа. Поради тоа и после воведувањето на диктатурата, беше дозволено да продолжат со функционирање и со работа. Многу често негови гости во дворецот беа слободните ѕидари кои го информираа за поедините проблеми. Меѓу почестите посетители на Кралот беа Đorđe Vajfert и Vladimir Ćorović”.

За долгогодишните пријателски односи меѓу Кралот и Đorđe Vajfert беа запознаени сите високи функционери и блиските соработници, исто како и за одличните односи меѓу Кралот и Vladimir Ćorović, кој беше именуван за советник на Кралот.

Edvard Benesh

Меѓународните одзиви за кралската постапка беа позитивни. Од страна на владата беше упатена благодарност до Eduardo Beneš Министер за надворешни работи, за неговата помош и за дадената поддршка на новиот режим во Југославија. Исто така, голем број на париски весници го поддржаа Кралот Aleksandar, а генералот Živković упати благодарност и до чехословачкото Министерство за надворешни работи за дадената помош за зачувување на новиот режим во Кралстовото СХС.

Влезот на најголемите индустријалец во владата на Генералот Živković (V. Marinković – Претставник на белградкиот банкарски капитал, Radivojević – индустријалец, S. Švrljuga – банкар и претседател на Загребачка берза, Oto Frangeš – универзитетски професор), со поддршка на војската и на тајната организација т.н. “Bele ruke” и англиско-француските банкарски (масонски) кругови, претставуваа основа за Кралот Aleksandar да ја презеде целата власт во земјата.

Petar Zivkovic

Иако со ентузијазам и одобрување беше примен актот на Кралот Aleksandar (донесен на 6 јануари 1929 гоидна) сепак веќе кон втората половина на 1929 година иницирано од страна на R.V. Siton Votson започнаа пропагандите против диктатурата на Југославија. Во тој период, дури и лојалниот соработник на Кралот, Damjan Branković, висок претставник на Големата ложа на “Jugoslavija” за време на Годишното собрание на Големата ложа изрази резерва за политиката која што ја водеше Кралот.

После интензивните преговори на Кралот Aleksandar со Италија, поради прифаќањето на нацистичките бегалци после неуспешниот пуч во Австрија, означуваше преориентација на француската, чешкта и англиската политика кон диктатурата на Кралот Aleksandar. После ваквите случувања во земјата, покрај политичкиот пресврт, важна пресвртница означуваше и преземањето на водството на ХСС над крупните финансиски, банкарски и индустриски кругови чии што претставници беа дел од правата влада на Генералот Živković. Како резултат на ова, Хрватските моќни компании почнаа да ги заладуваат односите со фирмите и банките на подрачјето на Србија и од другите краеви на Кралството.

Во Загреб од 5 до 7 ноември 1932 година се одржа состанокот на Извршниот одбор на СДК, на кој учестуваа V. Maček, J. Predavec, J. Šutej, A. Trumbić и притоа беше усвоена резолуцијата позната како “Zagrebačke punktacije”. Во оваа резолуција се наведе дека народниот суверенитет претставуваше основа на секоја државна организација, а народото единствен политички авторитет и јавна власт. Поради тоа се констатираше дека српската хегемонија, која уште на почетокот беше наметната над Хрватска и над сите останати земји, мора да се отстрани. На крајот во “Zagrebačke punktacije” се истакнува дека со новото уредување на државната заедница може да се пристапи како заедница основана на слободната волја така што секој граѓанин ќе се залага за подигање на општиот интерес и за заедничкиот развој и напредок на економскиот и политичкиот живот на српскиот, хрватскиот и словенечкиот народ. Со тоа всушност беа удрени темелите на федералистичкото уредување на Југославија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *