10 најубави места во светот кои треба да бидат на листата на ваши дестинации

popara19 мај, 20111min00
FrontPagePicture5[1]

Најпрво, не сите имиња на листата се вистински места сами по себе, едно е всушност н аучен феномен, додека друг е масивен жив организам кој претставува дом за повеќе од 1500 видови на риби и речиси 3000 корални гребени. Неколку се широко отворени места, неколку се кули замоци изграденио од кралеви итн. Три места од оваа листа се вклучени и во седумте светски чуда, но без оглед сите десет места имаат нешто заедничко, а тоа е дека се најубавите 10 дестинации кои треба да ги посетите.

10 најубави места во светот

 

Плитвице, езерски национален парк – Хрватска

Варовничките пештери на Плитвице езерскиот национален парк има 16 езера и неколку водопади, а водата е во брилијантни нијанси на тиркизот, зеланата и сребрената. Ова место е да се посети во било кое годишно време, само најубаво е да се избегнат јули и август, бидејќи тогаш има и многу локални туристи.

Таџ Махал – Индија

Украсен од црвен и бел мермер и полускапоцени камења кои сјајат, мавзолејот во северо источна Индија е навистина нешто прекрасно да се види. Нејзината љубовна позадина дополнително ја храни со восхит оваа градба. Тој е изграден од императорот  Mughal во спомен на неговата жена, Mumtaz Mahal.

Големиот корален гребен – Австралија

Австралиските таканаречени претрупани осторви со коралните гребени се огромни по обем и визуелизација, всушност овој гребен покрива најголема површина од сите други места кои се на листата, приближно 135.000 квадратни милји, а претставува и единственото живо нешто што е видливо од вселената. Убавината е истакната со лавиринти од корали и борјните видови морски животни. Обидете се да ги посетите во јуни или октомври.

Боробудур – Индонезија

Импресивниот будистички споменик кој се наоѓа во централна Јава. Овој споменик е празник за очите, со својот прекрасно извајан камен релјеф, каде преку уметничките дела се отсликува животот на Буда со совршено симетрични скулптури. Обидете се го посетите во мај, бидејќи тогаш воздухот на Јава е најчист.

Големиот Кањон – САД

Големиот Кањон се смета за место каде е најубаво луѓето да го видат зајдисонцето. Додека шетате можете да уживате и во реката Колорадо. Како што изјавил претседателот Теодор Рузвелт, ова е најголемата знаменитост за секој американец, и е место кое задолжително мора да се види. Обидете се да го посетите во месеците март и мај или септември и ноември, кога времето е најпријатно, а цените за сместување во околината на Аризона се доста пристапни.

Версај – Франција

Дворецот Версај ја претставува богатата почит кон француската монархија. Можете да ги видите просториите со огледала, просторијата каде светските лидери потпишаа договор за крај на првата светска војна во 1919 година, како и парковите, градините, а тука е и помалиот замок на Марија Антоанета и нејзиниот сопруг кралот Луј XVI. Раните месеци од летото се најубави за да се посети ова место.

Мачу Пикчу – Перу

12 хектари мистериозни храмови и неверојатни тераси вечно обвиткани во облаците, ја покажуваат древната страна на Перу и изгубениот град на Инките. Овој антички град секогаш е место за истражување на Инките, а најповеќе се истакнува погледот од храмот на сонцето. На ова место се доаѓа со камера и многу батерии, а за помалку турканици од туристи треба да го посетите од октомври до април.

Големит храм на Рамзес II – Египет

За време на своето 67 годишно владеење Фараонот Рамзес II оставил многу визуелни потсетници на неговата величина. Најдобро познатите се четирите статуи врежани во планина на јужниот дел на Египет. Поминувајќи низ нив ќе видите уште многу по ситни статуи и сложени хиероглифи, кои ја покажуваат победата на египетската армија врз Либија, Сирија и Нубија. Ова место треба да се псоети околу 20 февруари или 20 октомври, бидејќи само тогаш два пати годишно сончевите зраци зрачат директно во големиот храм и ја осветлуваат уметноста на делата и статуите.

Големиот ѕид – Кина

Оваа градба е навистина фантастична да ја видите одблизу, бидејќи таа се извишува околу 4000 милји во северна Кина, а гарантира различни туристички атракции. Делови од џунла, неверојатни предели и убавини кои можат да се видат од него, а одалечен е од Пекинг  на само еден час. Секое време ова место е идеално за посета.

Поларната светлина – Арктичкиот круг

Овој научен феномен се случува кога соларните честички се судираат со геомагнетните полиња на земјата и содзаваат неверојатни, шарени и прекрасни сјаеви во атмосферата на небото. За најдобар поглед кон овој феномен се препорачува да се оди во  Алјаска или Калгари, АЛберта, а исто така може да се види во некои делови од Данска, Финска, Исланд и Русија.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma