10-те Најубави цркви во светот – втор дел

popara8 август, 20111min00
crkva

Црквата Hallgrímur

Рејкавик, Исланд

Доколку патувате за Исланд, а не сте сместени во главниот глад, шансите да не ја посетите најнеобичната конструкција се многу мали. На висина од 74 метри, Црквата на Hallgrímur односно Hallgrímskirkja, како што локалните жители ја нарекуваат – претставува највисоката зграда во Рејкавик и најголемата црква во Исланд.

Гледано од птичија перспектива, Hallgrímur наликува на забодени стрели во земја една до друга или на шпил од карти или на вселенски брод што полетува од земјата. Hallgrímur се градеше повеќе од 30 години односно неговата изградба заврши во 1974 година, притоа предизвикувајќи голем број на контроверзни реакции поради својата радикални форма. Иако архитектот, Guðjón Samúelsson, не доживеа да ја види завршена Црквата, сепак тој сигурно би бил горд, бидејќи неговата црква ја има на речиси секоја поштенска марка во Рејкавик. Трошокот за да можете да се возите во лифтот кој го има најубавиот поглед кон главниот град и кон Атлантскиот Океан, секој би можел да си го дозволи (цената на едно возење изнесува 500 исландски круни или околу 4,40 долари по лице).

Минималистичкиот ентериер е во согласност со внатрешноста на Лутеранските цркви, со исклучок на огромната оргули со околу 5.000 цевки, секоја од нив висока по 15 метри.

Како да стигнете: Hallgrímur се наоѓа во центарот на градот Рејкавик. За влез потребно е да се плати 50 исландски круни (околу 44 центи) по лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag