100 Најпознати личности на сите времиња – осми дел

popara6 август, 20111min00
poznati-naslovna

 

68. Justin Timberlake

Роден на 31 јануари 1981 година. Американски пејач, текстописец, продуцент, танчер и глумец. Има освоено шест Греми награди и Еми награда.

Justin Timberlake влезе во светот на славните како пејач во групата N’Sync, која беше формирана од Lou Pearlman. Во 2002 година го издаде својот прв соло албум, кој се продаде во повеќе од 7 милиони копии низ целиот свет. Вториот соло албум FutureSex / LoveSounds беше објавен во 2006 година и од тој албум имаше три синглови кои беа #1: SexyBack, My Love и What Goes Around… /… Comes Around.

До јануари 2009 година, FutureSex / LoveSounds се продаде во повеќе од 9 милиони примероци. Со своите први два албума, Timberlake имаше продадено повеќе од 18 милиони копии ширум светот. Исто така, има сопствена издавачка куќа Tennman Records, William Rast модна куќа и ресторани Destino и Southern Hospitality.

 

Justin Timberlake

67. Stephen Hawking

Роден на 8 јануари 1942 година. Англиски теоретски физичар, космологист и академски позната личност. Почесен пријател на кралското друштво на уметности и доживотен член на попската академија на науките. Во 2009 година беше награден со највисоката цивилна награда во САД – Претседателски медал на слободата.

Од 1979 година се до 2009 година беше професор на катедрата по математика во универзитетот во Кембриџ. Сега е директор на истражувачкиот центар за теоретска космологија во одделот за применета математика и теоретска физика на универзитетот Кембриџ. Познат е по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки.

Негови познат научни трудови се: теореми во врска со гравитационите сингуларитети во рамките на општата релативност и теоретското предвидување дека црните дупки емитуваат радијација, што денес е познато како Хокингова радијација.

Hawking боледува од лателарна амиотропкса склероза, состојба која со текот на годините го направила скоро целосно парализиран.

Stephen Hawking

66. Bob Dylan

Роден на 24 мај 1941 година, во Минесота. Американски пејач, музичар и поет, еден од најголемите авторитети на музичката сцена во периодот на последниве пет децении. Тој претставува култна личност на генерациите од ’60 те години. Голем дел од неговите песни, како Blowin’ in the Wind и The Times They Are А-Changin’, беа химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Последениот албум на Dylan, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитираше на американските топ листи како #1, правејќи го Dylan, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.

Bob Dylan

65. Britney Spears

Родена на 2 декември 1981 година во Кентвуд Луизијана. Позната американска поп-изведувачка. Почнува да ја гради својата кариера уште од најмала возраст, а за веќе во 1997 година потпиша договор со издавачката куќа Jive Records. Својот дебитантски албум Baby One More Time го издаде во 1999 година кој се продаде во над 27 милиони копии. Понатаму следуваат и други студиски албуми но и големи број на хитови кои и донесоа огромна светска слава. Има продадено над 150 милиони копии од своите албуми и песни што ја прави една од најпродаваните изведувачи во историјата на музиката.

Britney Spears

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma