100 Најпознати личности на сите времиња – петти дел

popara28 јули, 20111min00
poznati

84.  Whoopi Goldberg

 

Родена на 13 Ноември 1955 година.  Американска актерка, комичар, пејачка и текстописец, политички активист и ток-шоу водител.

Goldberg дебитираше во филмот “Бојата на пурпурот“ (1985 година) и беше номинирана за Оскар за најдобра актерка, а за својата прва улога го освои својот прв Златен глобус. Во 1990 година, глумеше заедно со Patrick Swayze во филмот “Дух“. За улогата во овој филм го доби вториот Златен глобус и Оскар за најдобра споредна женска улога. Филмови кои ја обележаа нејзината кариера: “Сестри во акција“, “Кралот Лав“, “Произведено во Америка“, “Корина, Корина“, “Еди“, “Духовите од Мисисипи“, “Трка на глувци“ и уште многу други.

Во текот на нејзината кариера, Goldberg е номинирана 13 пати за Еми награди. Таа беше ко-продуцент во популарната игра “Холивудските плоштади“ во периодот 1998-2004 година. Од 2007 година е водител на ток-шоуто “Погледот”. Goldberg има добиено една Греми награда, две Еми, два Златен глобус и Оскар.

 

83.  Ernest Hemingway

Роден на 21 јули 1899 година, а починал на 2 јули 1961 година. Истакнат американски писател и новинар. Беше член на Здружението на бегалци во Париз во дваесеттите години на XX век и еден од ветераните од Втората Светска војна. Добитник на Пулицерова награда во 1953 година за романот “Старецот и морето“ како и на Нобеловата награда за литература во 1954 година.

Со посебен начин на пишување кое е карактеристичен за него, Hemingway имаше големо влијание врз развојот на литература во ХIX век. Многу од неговите романи се сметаат за класични дела од американската литература.

Познати дела кои ја обележаа неговата кариера: “Збогум на оружјето“ (1929), “Снеговите на Килиманџаро“ (1935), “За кого бијат камбаните“ (1940), “Старецот и морето“ (1952).

 

82. Paul Newman

Американски актер, режисер, продуцент, тркач со автомобили. Роден на 26 јануари 1925 година во Кливленд (Охајо), а починал на 26 септември 2008 година во Вестпорт (Конектикат). Во неговата кариера ги имаше добиено следните награди: Оскар, Златен глобус, Еми и голем број на почесни награди и признанија. Основач на компанијата “Newman’s Own”, која го донира целиот профит во добротворни цели.  Заклучно со мај 2007 година донаираните средства го надминале износот од 220 милиони долари. Newman почина од рак на белите дробови во неговиот дом во Вестпорт (Конектикат).

 

81.  Neil Diamond

Роден на 24 јануари 1941 година. Познат американски пејач и текстописец. Како успешен поп изведувач, во ’60-те, ’70-те и ’80-те години од XX век, Diamond имаше голем број на хитови. Според David Wild, заедничко на сите песни на Diamond се “длабоките чувства и копнежот за домот“.

Во 2001 година, Diamond имаше продадено вкупно 115 милиони плочи во светот, вклучувајќи 48 милиони записи во САД. Тој е третиот најуспешен современ уметник досега, а пред него на листата се Barbra Streisand и Elton John.

На 14 март 2011 година, Neil Diamond беше примен во Рокенрол холот на славните.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag