ИВознијацки му се “лета” на Ноле:)

28 јули, 20110
nole-vozni

Новак Ѓоковиќ и Каролина Вознијацки си поделиле комплименти на сметка на нивните силни удари.

Добри соседи.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажал дека е во одлични односи со тенисерката Каролина Вознијацки. Поточно, првиот тренинг на Ноле по кратката пауза која ја имаше по победата на Вимблдон го одработил со најдобрата тенисерка на светот, а интересно е да се напомене дека тие двајца живеат на иста улица во Монте Карло.

– Мојата сосетка има многу силен удар. Ти благодарам за довербата – напишал Ѓоковиќ на фејсбук профилот на Каролина.

Вознијацки веднаш одговорила на дописот на Ноле и изјавила дека и било голема чест за спаринг партнер да го има  најдобриот играч на светот.
– Каков добар тренинг имав со Ноле. Тој толку добро ја удира топката. Монако е закон – напишала Вознијацки.

Нивното пријателство датира подолг временски период. Вознијацки пред финалниот натпревар во Индијан Велс му поклонила роза на Ноле.
– Добив роза од Каролина Вознијацки. Бев многу пријатно изненаден. Сепак и малку засрамен, бидејќи претпоставувам јас би требало да и поклонам цвет, изјавил Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *