Антички Рим

28 јули, 20110
koloseumnaslovna

Вечниот град

Во првиот век пред нашата ера, римскиот ученик Varo, го утврдил денот кога бил основан Рим. Тој дошол до заклучок дека на 21 април 753 година пред нашата ера, бил основан градот Тибер, од страна на браќата Ромул и Рем. Иако подоцна врз основа на истражувања се утврдило дека градот врз седумте ридови настанал многу подоцна. Сепак, пред неколку години, започнало повторно ископување во срцето на стариот Рим, од остатоците на урнатините на Форумот. Притоа, се установило дека Рим, бил основан осум века пред нашата ера. Римскиот Форум, помеѓу Капитола, Палатина и Есквилина, денес претставува најпространи остатоци од стариот Рим и едно од најпознатите антички места на светот.

Низ вековите Форумот го менувал својот изглед. Секој римски владател, кој сакал да биде запаметено неговото име, се овековечувал во огромните градби на подрачјето на Форумот. Базилики и храмови, триумфални капии и споменици настанале во чест на Caesar, Augustus, Vespasian, Antoinette, Faustin, Tiberius и многу други. Храмови имале изградено: Janusu, Castor, Rem и Romul. Кај отворениот пазар, се изградиле многу раскошни градби со мермерни и златни плочи. Во шестиот век, спомениците и храмовите кои биле дел од Римскиот Форум започнале да се продаваат. Еден дел од нив биле претворени во христијански цркви, а дел биле користени како каменоломи или пак скапоцените мермери ги палеле и на ваков начин добивале вар, поради што на крајот останале само купишта на рушевини.

Кога во деветнаесетиот век започнале ископувањата во центарот на стариот Рим, огромната површина служела како “campo vaccine”, односно се користела за место каде населението го носел добитокот на пасење.

Слична судбина имала и најпознатата кралска градба во Рим, Флавиев амфитеатар во близина на Римскиот Форум или денес после илјада години е познат како Колосеум. Ова градба со 50.000 места, тогаш, но и сега претставува најголемиот театар во светот, а неговата изградба била завршена во 80 година од нашата ера.За време на свеченото отварање кое траело стотина дена, гладијаторите убиле 5.000 диви животни. Групни борби, воени сцени, јавно мачење и погубување биле дел од секојдневната забава за народната маса во Колосеумот.

Четирикатната, елипсовидна градба (долга 188 метри, дијаметар 156 метри), која за време на сончевите или дождливите денови, можела да се покрие со шаторски крила, во текот на 400 години, претставувала центар на римските гладијатори. Се до 1000 година, амфитеатарот останал недопрен – Римјаните верувале во предвидувањата дека Рим ќе пропадне, доколку се урне Колосеумот. Сепак, подоцна бил користен како каменолом, а откако биле забранети ваквите активности, од Колосеумот останале само рушевините.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi