100 Најпознати личности на сите времиња – шестти дел

popara30 јули, 20111min00
poznatinaslovna

80. Helen Keller

Родена на 27 јуни 1880 година, а починала на 1 јуни 1968 година. Американски автор, политички активист и предавач. Инаку, била првата слепа и глува личност, која успеала да се здобие со диплома. Приказната за тоа како нејзината учитела Anne Sullivan, успеала да ја пробиле низ изолацијата и да ја научи да комуницира, е изведена во многу претстави, а беше снимен и филмот “Чудотворецот“.

Нејзиниот живот го посветила на помагање на лицата со сетилен хендикепи. Во 1915 година, ја основала “Helen Keller International”, непрофитна организација за спречување и за борба против слепилото. Заедно со Anne Sullivan посетиле 39 земји ширум светот.

Инаку била член на Социјалистичката партија на Америка и активно учествувала во кампањата и пишувала во прилог на работничката класа од 1909 до 1921 година. Инаку, била една од основачите на Американската унија за граѓански слободи (1920 година).

 

79. Denzel Washington

Роден на 28 декември 1954 година во Маунт Вернон во американската држава Њујорк. Познат афро-американски филмски глумец, режисер и продуцент. Еден од најпознатите актери на денешницата, добитник на Оскари за филмот “Слава“ во 1989 година и “Денот за Тренинг“ 2001 година. Washington е награден со три Златни Глобуси, Тони награди, а номиниран е и за две Еми награди  и Греми награди.

Дел од филмовите кои му ја обележаа кариерата: “Вилма“ (1977); “Моќ“ (1986); “Семоќниот Кевин“ (1989); “Малком Икс“ (1992); “Филаделфија“ (1993); “Ѓаволот во син фустан“ (1995); “Ураган“ (1999); “Дежа ву“ (2006); “Книгата на Ели“ (2010) и уште многу други.

 

78. Meryl Streep

Родена на 22 јуни 1949 година. Американска актерка која работи во полето на филмската продукција, театарот и телевизијата. За прв пат дебитираше во 1971 година во “Плејбојот од Севил“, а првото деби на екраните и беше во филмот “Најслабата Сезона“ во 1977 година. За улогата во филмот “Ловец на Елени“ (1987 година) беше номинирана за Оскар, а за улогата во филмот “Крамер против Крамер“ (1979) го освои првиот Оскар. Награда за најдобра актерка освои за улогата во филмот “Изборот на Софи“ (1982 година).

Вкупно 16 пати била номинирана за Филмска Награда на Амадемијата на САД, од кои два пати ја има освоено, а исто така била 25 пати номинирана за Златен Глобус, од кои освоила осум. Инаку Streep претставува единствената актерка која се здобила со најголем број на номинации во историјата на манифестацијата Златен Глобус. Има освоено две Еми награди, награда од Канскиот филмски фестивал, четири награди од страна на Филмските Критичари на Њујорк, пет Греми номинации, Награда од страна на Британската Академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), Награда од Австралијанскиот Филмски Институт и номинација за Тони награда. Во 2004 од страна на Американскиот Филмски Институт ја добила и наградата за животно дело.

Дел од филмовите во кои има глумено: “Жената на Францускиот Лутенант”, “Надвор од Африка”, “Горушица”, “Плач во ноќта”, ”Вештерка”, “Куќата на духовите”, “Собата на Марвин“,“Мостовите на округот Медисон”, “Музика на срцето”, “Вештачка Интелигенција“,“Затрескана во тебе”, “Ѓаволот носи Прада“,“Сомнеж”, “Џули и Џулија“.

 

77. Edison Arantes do Nascimento – Pele

Роден на 23 октомври 1940 година, близу Тре Коракоес, Бразил. Бразилски фудбалер, еден од најславните спортисти во светот. Од 1956 година, стана член на фудбалскиот клуб Сантос и го предводеше светското клубско првенство во 1962 година. Три пати беше дел од националните бразилски репрезентации кои станаа светски шампиони – во 1958, 1962 и 1970 година. На својот 909 натпревар, го постигна 1.000от гол (во 1969 година). Од фудбалската сцена се повлече во 1977 година. Во 1978 година, ја доби Меѓународната награда за мир, а за спортист на векот беше прогласен во 1980 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag