Најскапи играчки во светот

30 јули, 20110

Многу пати на повеќето родители сигурно им доаѓа да ги фрлат половина и повеќе од играчките кои ги купиле за своите деца. Иако повеќето од нив не им се неопходни на децата, свесни сте дека тие се потрошен материјал во кој не вреди многу да се вложува, бидејќи брзо ќе се скршат или пак ќе им станат досадни по вториот ден играње.

Сепак, има родители и кои не размислуваат така, па така своите деца ги прават мали снобови купувајќи им скапи играчки.

Дијаманти за барбики, куќи ка кукли, детски чопер, позлатен трицикл и што уште не, сите тие се на листата најскапи играчки во светот!

1. Диносаурус од познатата марка детски играчки Hammacher Schlemmer вреди неверојатни 350.000 долари

2. Ако вашето дете сака дијаманти, барбиката на дизајнерот Stefan Canturi е прав избор за вас. Оваа кукла има ѓердан од вистински дијаманти и вреди  300.000 долари

3. Детска куќичка за играње вреди 23.000 долари

4. Мал глисер во вредност од  17.000 долари

5. Барби маса за фудбал на дизајнерот  Chloe Ruchoni чини 5.000 долари

6. Сопствен рингишпил можете да купите за 1.000 долари

7. Електричен  BWM кабриолет за деца од 3 до 5 години, 700 долари

8. Позлатен трицикл 450 долари

9. Мало пијано за три годишно дете чини 350 долари

10. Детски чопер чини 300 долари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi