100 Најпознати личности на сите времиња III дел

23 јули, 20110
naslovna

92.  Jesse Louis Jackson, Sr

Роден на 8 октомври 1941 година; американски свештеник, активен поборник за човековите права и претставник на Демократската партија . Тој е познат по тоа што во периодот од 1984 до 1988 година се кандидираше за време на претседателските избори и долго време претставуваше наследник на Martin Luther King. Исто така беше најпознат афро-американец на американската политичка сцена.

 

91. Jacqueline Kennedy Onasis

Родена на 28 јули 1929 година, а почина на 19 мај 1994 година; сопруга на 35-тиот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди и прва дама во периодот на неговиот мандат односно од 1961 година па се до неговото убиство во 1963 година. После неговата смрт, неколку години подоцна, Jacqueline стапи во брак со грчкиот трговски магнат Aristotel Onasis. Останаа во брак се до неговата смрт во 1975 година. Во последните две децении од животот, градеше успешна кариера како уредник на книги. Jacqueline се памети по нејзиниот придонес кон уметноста и зачувувањето на историската архитектура, нејзиниот стил, елеганција и грациозност.

 

90.    Margaret Thatcher

Родена на 13 октомври 1925 година. Поранешна британска политичарка; по занимање е адвокат и хемичар. Во 1974 година стана првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство. Оваа функција ја извршуваше во периодот од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година. Најмногу ќе биде запаметена по својата одлучност и по донесување на реформите во: образовниот систем, реформи во Националниот Здравствен Систем, воведување на нов даночен систем како и по одличните одлуки поврзани со економијата. Сепак, имаше голем број на несогласувања во рамките на владата во врска со политиката на Европската Заедница. Исто така, позната е по блиските односи со американскиот претседател Ronald Regan. Во 1982 година влезе во конфликт со Аргентина поради Фолкландските острови. После нејзиното повлекува од Премиерската функција, беше избран најпрво John Major, а подоцна либералот Toni Blair.

 

89.   Magic Johnson

Pоден на 14 август 1959 година. Поранешен американски кошаркар. Играше за Los Angeles Lakers. Најуспешен играч за време на NBA all-star натпреварите во 1992 година. Беше дел од кошаркарската репрезентацијата на САД и заедно настапуваше со Michael Jordan, Charles Barkley, Karl Malone и Patrick Ewing – “петорката од соништата“. Во 1991 година ја објави веста дека е заразен од ХИВ вирусот, поради што ја напушти кошарката, но се врати во 1992 година само да биде дел од all-star натпреварите. По четири години пауза, повторно се враќа на кошаркарската сцена за да го одигра 32-от натпревар за L.A. Lakers, за конечно да се пензионира на 37 годишна возраст.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *