25 години на врвот на случувањата

13 август, 20110
sting2

Британскиот музичар и поранешен фронтмен на популарната група Полис, Стинг, планира на 27 септември да издаде тројно ЦД по повод 25 години соло кариера, пренесуваат денес шпанските медиуми.

Во соопштението на дискографската куќа ”Универзал мјузик” која го издава ЦД-то, се вели дека во пакет со него доаѓа и ДВД со концертот на Стинг од 2005 одржан во Њујоршкиот “Ирвинг Плаза”, и книга со бројни фотографии и лични коментари на Стинг.

Тројното ЦД носи наслов “Стинг: 25 години” и содржи 45 песни, меѓу кои ќе има и некои што ги испеал заедно со Полис.

Како соло музичар и член на Полис, Стинг има добиено 16 Греми награди како доказ за неговата макотрпна работа, а номиниран бил и за Оскар за најдобра песна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *