272 поранешни шпиуни, во трка за градоначалници во Бугарија :) Кодоши колку ти душа сака… дури повеќе и од кај нас! :)

popara20 октомври, 20111min00
105394

Бугарската комисија за лустрација соопштила дека меѓу кандидатите за општински претседатели на престојните локални избори се наоѓаат 272 поранешни соработници на тајните служби.

Комисијата во согласност со законот ги проверила сите 8.144 кандидати кои биле регистрирани во општинските изборни комисии, од кои 1747 не биле проверувани, поради фактот што биле родени по јуни 1973 година, што е граница за лустрацијата.

Соработниците на поранешните тајни служби на бугарскиот комунистички режим изнесуваат 3% од пријавените кандидати на изборите, што е помалку од предходните локални избори во 2007 година.

За функции на локалните избори, најмногу поранешни шпиуни биле кандидирани од партијата на бугарските турци, „Движење за права и слободи“ 50, социјалисти 41, а од владеачката партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“ 35 поранешни агенти.

Бугарија во која според пописот од февруари месец живеат 7,3 милиони жители, поделена е во 263 општини. Паралелно со локалните во оваа земја ќе се одржат и претседателските избори, на кои има 18 кандидати, а само двајца од нив биле поранешни соработници на тајните служби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag