Во лето сме многу поактивни отколку во зима, поради убавото време кое не тера на шетање и дружење надвор од четири ѕида. Но и покрај движењето и полесната храна, многу од нас се враќаат од одмор со некој килограм повеќе. Ако не знаете зошто, прочитајте ги трите главни причини за летно дебелеење.
1. Опуштање
Летното бегање од секојдневието е главната причина за зголемува на тежината. Патувањето од соништата изгледа многу релаксирачки, но всушност во неоптоварениот начин на живот за две или три недели на одмор, се крие вистинскиот виновник.
Иако можеби сте планирале секојдневно да пливате и да учествувате во многу настани, најголем дел од нас сепак се одлучуваат за излежување на плажа и мирен одмор во лежалка после вкусната скара.
2. Исхрана
Многу заминуваат на одмор со намера да ги остават дома обврските во кујната. Токму таквиот одмор од готвење и подготовка на храна може да биде клучен за насобирање на несакани килограми.
Специјалитети на скара или печени, брза храна во паузата помеѓу капење и сончање и разноразните слатки како сладолед и колачи, всушност се калории ги внесувате во двојно поголема количина отколку дома.
3. Алкохол
Со сонцето, морето и доброто друштво совршено се вклопува и по некоја чаша алкохол. Освен што алкохолот сам по себе предизвикува насобирање на килограми, освежувачките слатки коктели кои ги пиете во дебела сенка или на забава на плажа, се вистински калорични бомби кои кријат илјадници калории.
Со оглед дека со алкохол одговараат и солени закуски, со комбинацијата на овие две забавни, но нездрави навики добивате вистинско таложење на килограми.