Многу влакна, малку калории

5 август, 20110
citrus_cooler

Грејпфрутот отсекогаш се поврзува со диетите, но сè досега не беше докажано неговото успешно делување во процесот на слабеење. Сепак, истражувањето кое е спроведено во истражувачкиот центар во Сан Диего, конечно ја покажа големата сила на овој горчлив плод.

Доброволците, кои во својот вообичаен режим на исхрана внеле и грејпфрут 3 пати на ден и минимално вежбање, за само 12 недели изгубиле неколку килограми. Тајната во ова овошје е што има многу растителни влакна, а малку калории, поради што лесно заситува секого, а притоа го забрзува и метаболизмот.

Ако сакате грејпфрут, сигурно нема да ви штети доколку го јадете редовно, но умерено. Грејпфрутот нема маснотии, содржи малку калории и натриум, полн е со витамин Ц и содржи бета каротен. Треба да се најде на вашето мени бидејќи е квалитетно овошје, не само поради тоа што помага во согорување на маснотиите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit