Салмонела отпорна на сите лекови се шири низ Европа

5 август, 20110
jajce

Многу отпорен тип на салмонела, позната како Салмонела Кентаки, се шири низ Европа. Само во Британија, со оваа бактерија се заразени 200 луѓе во последниве години.

Научниците сметаат дека опасниот вирус настанал во Египет и по пат на инфицирано овошје, зеленчук и зачини, дошол до Европа.

Светската здравствена организација предупредува дека во текот на последните децении, бројот на луѓе заразени со оваа бактерија, се зголемил за три пати и веројатно постојат уште многу случаи кои не се пријавени.

Оваа бактерија е најопасна бидејќи е отпорна на сите лекови, а освен неа постојат уште 2500 видови на салмонела, кои можат да се најдат во почвата и цревата на животните.

Научниците стравуваат дека поради својата издржливост и отпорност на лекови, овој опасен вид на салмонела може да се прошири низ целиот свет и да биде смртоносен за најслабите.

Салмонелата најчесто се пренесува преку заразено пилешко месо и јајца, но извор на зараза може да бидат и овошјето и зеленчукот. Симптомите вклучуваат повраќање, пролив, главоболка и висока температура, а може да биде смртоносна за старите лица и децата болни од тешки болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi