Ова се три совети кои ќе ви помогнат да останете свежи и да изгледате добро, без оглед на високите температури.
Тело – Антиперспирантот ставајте го пред спиење. Доколку го нанесувате кога брзате некаде, вашето тело веќе почнува да се поти и потешко го апсорбира. Пред спиење, телото е поладно и затоа антиперспирантот подобро делува. Наутро можете да додадете уште еден слој за дополнителна заштита.
Лице– За да избегнете растекување на шминката, избегнувајте да нанесувате тешка шминка за време на високите температури. За да изгледате добро, нанесете водоотпорна маскара и крема во боја. Во чантата редовно носете марамици кои ја впиваат маснотијата, тие не ја бришат шминката, но помагаат да го неутрализирате сјаењето на кожата.
Коса – Летото е совршен момент малку да ја одморите косата. Доколку е природно кадрава, додадете само малку спреј за виткање, доколку е права, едноставно исчешлајте ја. Кога температурите се премногу високи, косата можете да ја подигнете во лесна пунџа или опавче.