44% од жените не уживаат во купувањето гардероба?

7 јули, 20110
shoping

Британската компанија за истражување на пазарот, Минтел, спровела истражување на тема женскиот шопинг и проблемите со кои жените се соочуваат во текот на купувањето.

Резултатите покажале дека жените не уживаат во шопингот онолку колку што мислевме, поточно дури 44% од жените мислат дека тоа е тотално замарање.

Најголемиот број жени дури 50% од нив, не уживаат во гардеробите и пробувањето на облеката и сметаат дека бутиците во последно време се повеќе наклонети кон младата популација, па имаат проблем да најдат соодветна гардероба.

Друг проблем е да се пронајде гардероба која ќе одговара на нивната градба, а ова мислење го делат 41% од жените.

Посебен проблем имаат жените кои неодамна родиле дете, бидејќи 47% од мајките со деца помлади од 5 години имаат потешкотии да најдат гардероба која е модерна и одговара на нивната променета градба.

Изненадувачки е фактот дека и покрај финансиската криза во која е намалена куповната моќ на луѓето, зголемена е продажбата на квалитетна и брендирана облека, а во пораст е и онлајн купувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit