Секој ден слушаме и читаме колку цигарите се штетни за нашето здравје. Сепак, според статистиката, во Македонија има многу поголем број на пушачи во споредба со останатите европски земји. Затоа, ви претставуваме план во 5 чекори кој ќе ви помогне полесно да се откажете од пушењето.
- Припремете се:
- Направете детална листа зошто сакате да се откажете од пушењето
- Водете дневник за тоа кога сте запалиле цигара и што ве натерало
- Истражете какви можности постојат во вашето место на живеење кои можат да ви помогнат во откажувањето од цигарите
- Зацртајте си дата кога конечно ќе ги оставите цигарите засекогаш
- Побарајте помош:
- Побарајте совет од вашиот лекар
- Приклучете се на некоја програма за одвикнување од пушење
- Вклучете се на некоја онлајн група за поддршка (ги има многу)
- Разговарајте со семејството и пријателите и кажете им каква поддршка очекувате од нив
- Водете дневник за искуството што го поминувате додека се одвикнувате
- Направете стратегија
- Запишете се на јога и медитирајте
- Почнете да вежбате
- Разговарајте со психолог или психијатар
- Истражете какви производи постојат кои ќе го заменат никотинот
- Разговарајте со вашиот лекар да ви препише некои лекарства кои ќе ви помогнат
- Истажете ги сите лекарства кои можат да ви помогнат
- Истражете ги симптомите на откажување
- Спречете се себеси кога имате желба да запалите цигара
- Научете како да се справите со желбата да запалите цигара. Ваквата потреба обично трае само околу 3 минути
- Погрижете се првите неколку дена да бидете „зафатени“ со секакви активности
- Кога ќе имате потреба да запалите цигара, вдишувајте длабоко додека не помине
- Кога ќе помислите на цигара, зборувајте со некого или пешачете
Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат. Запомнете, дури и ако не успеете „од прва“, не се откажувајте!!!