Раперот 50 Cent, за потребите на најновиот филм кој го снимаше неодамна мораше да ја намали својата килажа за цели 25 килограми. Тој, според потребите требал да има помалку од 66 килограми.
Со таа цел тој бил на строга диета, и по три часа секојдневно поминувал во теретана. Освен килограмите, за филмот тој требал и да ги избрише тетоважите на своето тело. Па затоа за снимањето користел специјални пудри за тело за да ги прекрие многубројните тетоважи.
Но, веднаш по завршувањето на обврските околу снимањето на филмот, без никаков проблем тој си ги повратил килограмите.