Проклетството на 27-цата: Музичари кои починаа на 27 години – втор дел

29 јули, 20110
27naslovna2del

Клубот 27

или проклетството на 27 е наслов за групата на влијателни музичари кои починале на 27 годишна возраст. Причината за смртта за сите нив е “рокенрол“ начинот на живот. Злоупотребата на дроги, алкохол, апчиња за спиење, главно се причините што овие музичари прерано загинаа, а сепак останаа многу влијателни во индустријата.

Клубот 27 се состои од два поврзани феномени: едниот е листата на седумте познати музичари кои починаа на 27 години, блуз пејачот Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн и неодамна починатата Ејми Вајхаус. А вториот е листа на други познати личности кои исто така починале на возраст од 27.

 

3. Џејмс Маршал Џими Хендрикс, роден на 27 ноември 1942 во Сиетл – починал на 18 септември 1970), американски гитарист и текстописец. Широко познат и признат како најдобриот гитарист на сите времиња, а еден од највлијателните музичари во различни жанрови.

По првичниот успех во Европа со неговата група The Jimi Hendrix Experience, тој постигна голема слава во САД по неговиот настап во 1967 година на Monterey фестивалот. Подоцна, Хендрикс настапи и на славниот Вудсток фестивал во 1969 година.

Славниот гитарист осови многу престижни награди во неговиот живот, но и постхумно беше повеќе пати наградуван, а во славниот Rock Roll хол на славните влезе во 1992 во САД и во Велика Британија музичкиот хол на славни во2005 година. Исто така доби своја ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд во септември 1994. Ролингстоунс магазинот го прогласи за најдобар најдобар гитарист на сите времиња на листата од 100.

Доживеа успеси со сите формации меѓу кои Little Richard, The Isley Brothers, The Blue Flames, The Jimi Hendrix Experience, Gypsy Sun and Rainbows, Band of Gypsys. Познат бил по злопуотреба на психоделични супстанци, амфетамини, и алкохол.

Рано утрото на 18 септември 1970, Хендрикс бил пронајден мртов во станот на неговата девојка во Лондон. Девојката тврдела дека тој испил девет од нејзините апчиња за спиење, а наводно предходно конзумирал алкохол, наводно се задушил од сопствената повраќаница.

http://www.youtube.com/watch?v=z0dmPKYJiB8

http://www.youtube.com/watch?v=WoAXW30mMAg

http://www.youtube.com/watch?v=bng3agUOYiI

4. Џенис Џоплин, родена на 19 јануари 1943 година во Тексас – починала 4 октомври 1970 година во Лос Анџелес. Позната американска пејачка, текстописец, сликарка, танчерка и музички аранжер. Брзо се прослави во 60-тите со бендовите   Big Brother и the Holding Company, а името рок икона го достигна со соло кариерата со пратечките музички групи  The Kozmic Blues Band и The Full Tilt Boogie Band. Позната беше како кралица на рокенролот и на психоделичниот соул. Магазинот Ролингстоунс ја рангираше на 46 место на листата 100 најдобри музичари на сите времиња, а на листата за најдобри пејачи на 28 место. Нејзиниот музичкиот опус на жанрови е блуз-рок, психоделичен рок, блуз, соул, фолк, кантри.

Последната песна која Џоплин ја сними беше на 1 октомври 1970 со име “Mercedes Benz” и роденденска честитка песна за Џон Ленон  the Dale Evans “Happy Trails.”

На 3 октомври таа го посетила студиото, а подоцна заминала на пијачка во бар. Таа требала да дојде во студито повторно за слендо снимање, а кога не се појавила продуцентот Paul A. Rothchild се загрижил. Менаџерот Џон Кук отишол до мотелот каде таа била сместена и на паркингот го забележал нејзиното шарено порше. Кога влегол во нејзината соба го нашол нејзиното мртво тело покрај креветот. Офицјална причина за смртта било предозирањето со хероин. Нејзиното тело било кремирано во Лос Анџелес, а нејзината пепел била расфрлана од авион над Тихиот Океан и Стинсон плажата.

http://www.youtube.com/watch?v=-7JVxE2SYxo

http://www.youtube.com/watch?v=JjD4eWEUgMM

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi