6 мејк-ап детали кои мажите не ги сакаат

popara12 август, 20111min00
Sminka1

Иако знаеме дека тие не можат да издржат без нас, мажите имаат прилично долга листа на работи кои не им се допаѓаат кај жените. Но овде не станува збор за карактерот или однесувањето туку за физичкиот изглед, или подобро кажано модните предизвици кои на мажите навистина не им се допаѓаат.

1. Очи
Иако немаат ништо против украсувањето, мажите не сакаат јако нашминкани очи. Црно моливче и сенки во природни тонови се во ред, но заборавете на  тиркизна или розова нијанса.

2. Трепки
Додека жените обожаваат промени и нов имиџ, мажите никако не сакаат неприроден изглед. Иако вештачките трепки може да изгледаат многу секси, подобро оставете ги дома и употребете само маскара.

3. Пудра
Доклку сакате да го привлечете мажот што ви се допаѓа избегнувајте дебел слој на пудра, особено преку ден. Мажите не сакаат премногу шминка, бидејќи изгледа чудно и неприродно.

4. Детали
Додека жените, кога станува збор за модата, ги приметуваат и најситните детали, мажите се многу поедноставни и тие се заинтересирани само за конечната слика. Затоа, не грижете се за ситници како совршено нанесениот кармин или фризура.

5. Руменило
Румените образи одсекогаш биле симбол на здравјето и убавината. Иако овие времиња се зад нас, овој детал итекако им се допаѓа на мажите. Ако сте премногу зафатени за вежбање, руменило во нежна розева боја ќе му даде свежина на вашето лице.

6. Усни
Машкиот и женскиот вкус најмногу се разликуваат околу бојата на карминот. И додека жените ја обожаваат секси црвената боја, единствено на што мажите помислуваат кога ќе ве видат е: “Како ќе изгледам после бакнежот?”
Доколку планирате да излезете на состанок, изберете кармин во природна светла боја или една од многуте нијанси на розев сјај за усни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag