Адријана Лима родила феномен! Нејзината 21 месечна ќерка зборува на три јазици?!?
12 август, 20110
Просто неверојатно, но ете 21 месечната ќерка на заносната Адријана Лима зборувала на три јазици. Со нејзиниот татко, кошаркарот Марко Јариќ зборува на српски, со мајка и на португалски, а кога треба да му се обрати на кучето таа му зборувала на англиски.
Ова го изјавила гордата мајка, која блеснува секогаш кога новинарите ќе и постават некое прашање за нејзината ќерка Валентина.