Храна што не дебелее

12 август, 20110
namirnici

Диетите се тешки и само ни создаваат поголема глад. Затоа ние ви најдовме листа на храна што може да ја јадете во неограничени количини и од која нема да добивате на тежина.

1. Сушито има многу малку калории. Но, кога се користи со додатоци како мајонез, сирење и путер може да има повеќе калории отколку што мислите. Избегнувајте ги овие додатоци и може да уживате во вашето суши колку што сакате.

2. Јадете овошје колку што сакате, но избегнувајте го сушеното овошје бидејќи од него е извлечена водата. Конзумирајте само свежо овошје.

3. Кога јадете мусли изберете ги оние кои не содржат парчиња чоколадо, суво овошје или јогурт. Муслите кои ги содржат овие додатоци имаат многу повеќе шеќер отколку што мислите.

4. Тестенините од трици се многу поздрави од обичните. Тие обично се комбинираат со банани, сливи или јаболка.

5. Доколку пиете кафе обидете се да го пиете без млеко, бидејќи кафето со млеко има многу повеќе калории од она без него.

6. За љубителите на ледениот чај, подобро е истиот да го подготвуваат сами. На овој начин ќе го засладите колку што сакате, бидејќи готовиот чај има шеќер повеќе од потребното.

7. Доколку избегнувате хамбургери со месо и сте се одлучиле за вегетаријански, обрнете внимание на количината сирење што ја содржат бидејќи тие понекогаш може да имаат многу повеќе калории од обичните хамбургери.

8. Сокот што ќе го купите во продавница е полн со калории дури иако пишува дека содржи 100% овошје. Подобро сами исцедете овошје дома за да бидете сигурни дека сте испиле здрав сок со помалку калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi