6 трика како да препознаете фалсификувана торба:)))

30 септември, 20110
kopija

Во суровиот свет на модата, сите настојуваат што е можно побрзо и побезболно да заработат повеќе пари. Па поради тоа моднот пазар е полн со препродавачи кои продаваат копии на марки, со иста или за нијанса пониска цена од оригиналот.

Како да ја препознаете копијата? Еве шест корисни совети кои ќе ви помогнат во тоа:

1.  Проверете го патентот

Патентите, копчињата и сите други видови на сврзувачки елементи треба да бидат иста боја со ткаенината на крајот на чантата. Исклучок се чантите од Chloe, која често изработува чанти од различни ткаенини и патенти. Патентите исто така мора лесно да се отвораат и затвораат.

2.  Проверете ги рабовите, обликот и симетријата

На рабовите обично нема лепак, освен понекогаш на некои паричници. На пример, на торбите Louis Vuitton, знакот на оваа марка е свртен еден кон друг, од лева и десна страна на работ. Откога се пресели во групацијата LVMH и Gucci и Fendi почнаа на ист начин да ги презентираат своите симболи на чантите. Посебно внимание обратете на симетричниот облик на чантите, кој мора да биде совршен.

3.  Текст и лого

Текстот на модните брендови, како и самото лого мора да биде правилно напишано. Сееедно дали се гравирани или печатени, мора да бидат уредно напишани и се разбира граматички точни. Брошурата со упатство за употреба не треба да биде фотокопирано или погрешно напишано.

4.  Мирисот на чантата

Чантите од вистинска кожа би требало да мирисаат на кожа, а не на гума, лепак или други хемикалии.

5.  Пазете на масовни понуди

Ако некој ви понуди чанта вредна 800 или 1.200 долари за само 100 или 200 долари, тоа секако не е оригиналот.

6.  Бидете внимателни кога купувате online

Многу дизајнери својата колекција од минатата година која не успеале да ја продадат ја пласираат на интернет страните. Но, ако купувате online, добро проверете дали тоа е офоцијалниот сајт на дизајнерот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *