60% од жените се бисексуалки! А зошто?
Поголемиот дел од претставничките на понежниот пол се бисексуални по природа, тврдат американски научници од универзитетот во Ајдахо. Тие анализирале 484 хетеросексуални жени, од кои 60% признаваат дека имале силно сексуално привлекување кон сопствениот пол.
Интересен е фактот дека ваквата желба се зголемува со зголемувањето на возраста. 45% од анкетираните признаваат дека барем еднаш во животот се бакнале со жена, а другата половина споделуваат дека имале еротски фантазии за истиот пол. Според еден од водечките автори, професорот по психологија Елизабет Морган, околу 20% од девојките имаат лезбејски наклоности. Тоа се докажува од навиките на пријателките да се држат за рака, додека се шетаат, да зборуваат со часови по телефон и да се прегрнуваат на разделба и дека сето тоа е потиснато длабоко на потсвесно ниво и голем дел од нив никогаш не го осознаваат ова.
Многу често е тешко да се разграничи женското пријателство од романтичната врска. Многу од дамите осознаваат дека се емоцианолно и сексуално привлечени од своите пријателки во позрела возраст, но кај повеќето ова останува длабоко потиснато во потсвеста вели професорот по психологија Елизабет Морган.